Ирена Јакимоска избрана за в.д. директор на ФК „Победа“ АД : „Победа“ повторно да се врати на патеките на триумфот

0
1862

Сопственичката на компанијата „Комфи Ангел“, Ирена Јакимоска, избрана е за в.д. директор на ФК „Победа“ АД, откако бордот на директори на прилепскиот фудбалски клуб ја прифати оставката на досегашниот прв човек на клубот, Гоце Ингилизов. Јакимоска и досега беше дел од најтесното раководство на најпознатиот прилепски спортски бренд, а функцијата ќе ја извршува кратко време, до завршување на формалностите за именување на Небојша Стојковиќ како долгорочно решение во директорската фотелја.

Според најавите, ова е само првиот чекор во промените кои во краток временски период треба да се случат во ФК „Победа“. Во тој контекст, Јакимоска ветува дека во периодот што следи, клубот ќе биде подигнат на едно повисоко и попрофесионално ниво, за што најголем гарант ќе биде поставувањето на раководната функција на Стојковиќ, како човек произлезен од фудбалот. Она што, како што вели Јакимоска, прво треба да се направи, е дистанцирање на политиката од спортот.

Целиот текст ќе може да го прочитате на следниот линк ОВДЕ