Група од 11 лица застана пред споменикот и го попречи патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Делегациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, од Владата, од Собранието, од Армијата, од Сојузот на борци, дипломатски делегации и други, мораа да ги заобиколуваат за да стигнат до местото каде требаше да положат цвеќе и да оддадат почит.
Делегација на претседателот Стево Пендаровски во придружба на премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги заобиколија активистите на Левица со цел да положат цвеќе при што на еден од активистите кој директно го вреѓаше премиерот Зоран Заев по полагање цвеќе тивко му се обрати и го упати да се лечи на психијатар.
На церемонијата во Прилеп, која заврши предмалку, свое обраќање имаше и претседателот Стево Пендаровски.