ИНФОМАКС ЕКСКЛУЗИВНО ДОЗНАВА ЗА АНКЕТАТА СПРОВЕДЕНА ПО НАРАЧКА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА МОЖНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА ЗА КОИ РАЗМИСЛУВА ОПОЗИЦИЈАТА, КАКО И НАЈВЕРОЈАТНИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ КОИ БИ ГИ ИМАЛ СДСМ

0
807

Анкетата е спроведена минатиот месец на 2 илјади испитаници, а во неа како потенцијални кандидати на опозицијата се споменуваат неколку добро познати имиња за кандидати за претседател.Убедливо најлош рејтинг имале досегашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во неколку мандати, Александар Николоски и Влатко Ѓорчев.

Да се потсетиме дека Влатко Ѓорчев веќе еднаш беше дел од внатрепартиската трка за претседател кога во Струга беше поразен од својот противкандидат професорката Гордана Силјановска. Како што не информираат извори од партијата Ѓорчев лошо стои и помеѓу партиското членство и помеѓу општото гласачко тело како истрошен политички кадар.

И покрај обидите за промоција во неколку опозициски медиуми на потпретседателот на партијата, Александар Николоски е убедливо на дното заедно со Ѓорчев по однос на рејтингот за претседателски кандидат.

Не е изненадување што повторно се споменува името на професорката Гордана Сиљановска како претседателски имајќи ги во предвид одличните резултати на претседателските избори во 2019-та година кога за малку не оствари предност во првиот круг против Стево Пендаровски кој и бегаше со околу 4 илјади гласови разлика.

Во вториот круг професорката Сиљановска освои 377 илјади гласови што е најдобар резултат на партијата од кога со неа раководи Христијан Мицкоски. На парламентарните избори 2020 година Мицкоски освои околу 315 илјади гласови, а на локалните 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски за прв пат во поновата историја падна под 300 илјади гласови.

Висок рејтинг на оваа анкета има професорот, инфектолог Вело Марковски кој соогласно рејтингот е еден од топ три фаворитите за претседателски кандидат на партијата на изборите кои треба да се одржат наредната пролет во Македонија. Марковски се истакна со својата работа за време на корона кризата и донесе голема позитива за рејтингот на партијата по што стана и дел од Извршниот комитет на партијата.

Од непознати причини неколку месеци подоцна тој беше разрешен од таа позиција. Како долгогодишен член на партијата тој има огромна поддршка од членството на партијата за оваа позиција, но и од неопределните како почитува лекар и експерт во својата дејност во Македонија и пошироко.

Изненадување за јавноста на оваа листа е името на поранешниот министер за финансии во Владата на Никола Груевски, Зоран Ставревски. Ставревски по пауза од пет години се врати во ВМРО-ДПМНЕ и веднаш доби функција. Тој е дел од работното тело кое ја следи реализацијата на проектите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со кое раководи лично Мицкоски.

Иако Мицкоски говореше за нови лица во политиката со името на Ставревски поради очајниот личен рејтинг на претседателот идејата на партијата е да се повика на старата слава, односно успесите на Владата на екс-премиерот Никола Груевски кој до ден денес е политичар со највисок рејтинг на македонската политичка сцена.

Од анкетата нарачена од опозицијата дознаваме и за потенцијалните кандидати на СДСМ. Имено на листата се еден поранешен министер и премиер, но и актуелен министер и претседателот на државата, Стево Пендаровски.Како потенцијални противкандидати ВМРО-ДПМНЕ ги гледа екс-премиерот Зоран Заев како и неговиот близок соработник и пријател, поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

На анкетата на опозицијата се нашол и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, но и актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Имено според наши извори Пендаровски не котира баш најдобро на овие анкети, а изненадувачки за СДСМ ниско котираа и поранешниот министер Венко Филипче.Зоран Заев има стабилен рејтинг и останува непознато дали воопшто има нови политички апетити, бидејќи неодамна на Фејсбук кога одговараше за тајните средби со Мицкоски изјави дека нема амбиции за враќање во политиката.

За Оливер Спасовски одамна се говори како потенцијален претседателски кандидат, но неговата кандидатура нема политичка логика бидејќи позицијата министер за внатрешни работи во парламентара демократија како Македонија е далеку повлијателна од позицијата претседател на државата.Сепак она што најмногу ги загрижува двете најголеми македонски партии е фактот во континуитет нивните рејтинзи се во опаѓање па така на локалните избори бројот на гласови кои ги освоија и двете партии паднаа под 300 илјади гласови што е историски најкатстрофален резултат.

Она за кое што се говори во партиските кулуари во ВМРО-ДПМНЕ е можноста и за бојкот на претседателските избори доколку тие се одржат засебно од парламентарните избори кои во редовен термин треба да се одржат само два месеци по претседателските избори.
Но како што напоменавме и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се во исклучително лоша позиција и партиска кондиција поради огромната разочарност од политиките на двете партии во изминатите 30 години.