(ИНТЕРВЈУ) СТОЈАНОВСКА : ТВРДАМ ДЕКА НИШТО НЕ ЗНАЕВ ЗА ДРОГАТА

0
1743

ктерката Силвија Стојановска е осудена на три ипол години казна затвор поради организирање на шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Таа тврди дека е невина и нејзината одбрана сега ја очекува одлуката на Апелациониот суд по поднесената жалба.

Во интервју за „Фокус“ таа ги опишува активностите на кои Судот ја темели пресудата. Вели дека не знаела ништо за дрогата, а доказите на Судот на ниту еден начин не ја докажуваат поврзаноста со делото. Очекува Апелација да ја ослободи.

Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА

ФОКУС: Поминаа две години откако започна процесот против вас. Како ова влијаеше на животот: и приватно и во однос на професионалните ангажмани? 

Стојановска: Професионални ангажмани немам од тогаш. Една и пол година бев во домашен притвор а откако притворот ми заврши, имам некои понуди… ќе видиме.

Приватно, овој период бев прилично вознемирена, благо кажано. Најголем шок беше моментот на апсењето, на јавно место… искрено мислев дека се работи за скриена камера. Следуваше деееетален претрес на мојот дом… бараа дрога, злато, пари.

ФОКУС: Пронајдоа ли нешто од тоа што бараа?

Стојановска: Ништо од тоа не постоеше. Откако полицајката ми кажа дека се работи за 700 кг кокаин заради што братот на Војислав е уапсен во Шпанија, со сите тие полицајци разлазени низ мојот дом, почнав да се плашам за мојата сигурност, но цело време мислев дека се работи за некое недоразбирање. Бидејќи имаа налог за приведување, не знам врз основ на што, ноќта ја поминав во подрумска ќелија во полиција. Утредента, по земање отисоци од сите прсти, дланки, фотографирање анфас, полупрофил, профил, земање плунка веројатно за ДНК, ме однесоа во суд, каде ми беше одреден домашен притвор.

Целото интервју ќе може да го прочитате на ФОКУС ОВДЕ