(ИНТЕРВЈУ) Софијанова за А1он : Децата не треба да се малтретираат со земање брисови, да се реагира само ако качат температура од 37 степени

0
743

Д-р Аспазија Софијанова, специјалист интензивист и субспецијалист неонаталог, пред две недели го презеде функционирањето на скопската Клиника за детски болести, со која раководеше и претходно, до 2017 година.

На Детската клиника се примаат децата кои имаат пост-ковид компликации, а во интервју за „А1он“, Софијанова објаснува за какви симптоми станува збор и кога родителите треба да ги препознаат, за да реагираат навремено.

Во моментов на клиниката се хоспитализирани четири дечиња со пост-ковид компликации.

„Не сум за тоа по секоја цена кај децата да се земаат брисеви за коронавирус и да се малтретираат. Ама, ако осетиме дека детето има температура, а дека и родителите имаат потврдена инфекција, тогаш не треба да го неглектираме детето. Тоа е првиот знак, дури и температура 37, па дури 36.9 степени, би значело дека кај детето има некоја ситуација која треба да се надмине“, вели таа.

Целото интервју ќе можете да го погледнете на порталот А1он ОВДЕ