Институции отворени за граѓаните цел ден!

0
950

„Клучните институции за граѓаните ќе работат до 20 часот. Граѓните своите обрвски во институциите ќе можат да ги завршуваат и по работното време.

Инситутициите кои имаат значителен обем на работа, а во кои граѓаните остваруваат клучни права ќе работат во две смени, односно до 20 часот за да можат навремено да ги обезбедат услугите за сите граѓани подеднакво.

Со тоа ќе им овозможиме на граѓаните лесно, брзо и ефикасно да ги завршуваат своите обврски кон државата.Граѓаните нема како што е сега, да мора да земаат слободен ден за да ги завршат обврските или да ги молат своите претпоставени за да излегуваат од работа.

Двосменското работење на клучните институциите ќе го спроведеме уште во првите 6 месеци од мандатот.

Дражавата и институциите ќе работат исклучиво во служба на граѓаните.

Со тоа ќе ги отстраниме гужвите и турканиците пред шалтерите. Секој граѓанин навремено и достоинствено ќе си ги завршува обврските, а вработените во законски утврденото работно време ќе можат да одговорат на своите работни обврски.

Затоа е потребна нова и одговорна Влада според мнозинската волја на граѓаните којашто ќе спорведува реални политики во интерес на граѓаните.

Од оваа година го создаваме животот што заедно го избравме“, соопштуваат од СДСМ.