Им секнаа пари од странците, па сега Грујо не дозакопува кај домашните кредитори за нови 48 милиони евра за нови владини забегани раскалашувања

0
1166

Прво задолжување во април. Владата од домашните кредитори позајми 48 милиони евра.

debt-money-spells

Државата продаде обврзници со рок на доспевање од три, десет и петнаесет години, како и едногодишни и полугодишни записи, со што во буџетот собра нешто повеќе од 48 милиони евра.

Најголем дел од парите или 23 милиони евра ги обезбеди преку шестмесечни записи.

По денешното задолжување, за утре е најавено раздолжување од 18,5 милиони евра, со што на владата за трошење ќе и останат нови 28 милиони евра.

За годинава владата најави дека ќе го намалува внатрешниот долг, кој изнесува една милијарда евра, но само минатиот месец државата се задолжи двојно повеќе отколку што планираше, а имаше и едно вонредно задолжување.