Има ли барем пет чесни пратеници од ДПМНЕ да му откажат послушност на Груевски!?

0
898

Излегувањето на ДУИ од Владата ја узложнува ситуацијата за излес од кризата, воедно истата дава можности за забрзан расплет и нејзино окончување-поточно фаза во која државата ќе влезе во процес на стабилизација.

Во продолжение ќе изнесам една можност за развој на ситуацијата за која постои мала веројатност да се реализира затоа и ретко кој ја споменува. И јас не сум оптимист, сепак чуствувам потреба да го изнесам јавно моето размислување за да предочам за можностите што постојат, ико во овој момент звучат како фантазија.

Имнео, со поднесувањето оставки на министрите од ДУИ постои можност премиерот Емил Димитриев да состави нов владин кабинет, затоа што една третина од министрите му доставија оставки, тоа значи дека Собранието ќе гласа за нова Влада.

Димитриев може да предложи нови министри и за ресорите кои моментално ги вршат министри членови на ДПМНЕ а кои се лојални на Груевски, а не нему. Тоа ќе значи дека тој ќе ја преземе главната улога и во ДПМНЕ од позиција на премиер.

Секако дека клучна улога можат да имаат дел од пратениците на ДПМНЕ, кои не се вовлечени во криминалната мрежа на Груевски. Мениците кои ги имаат потпишано за лојалност кон Груевски, ако ги имаат, како што се тврди многу пати од многу релевантни извори, немаат правна сила. Во таа насока треба да се отвори случај од СЈО за нивно формално-правно поништување, што би бил третиран во рамките на оформување предмет против партијата ДПМНЕ како злосторничко здружение, како што изјави професорот Калајџиев.

Токму сега е моментот, пратениците од ДПМНЕ, кои не се замешани во криминалот на фамилијата, да ја откажуваат послушноста кон Груевски. Да се надеваме дека барем има десет пратеници од редовите на ДПМНЕ кои имаат храброст и капацитет да откажат послушност на Груевски и со тоа да направат голем чекор за стабилизирање на државата а потоа и да ја спасуваат партијата. Ако ја пропуштат оваа шанса тогаш за нив политиката засекогаш е завршена работа но и ќе мора да живеат со товарот на соработници на ликот и делото на Груевски и последиците што следуваат од таквите постапки во секоја смисла.

Едно е јасно, вршителот на функцијата претседател на државата Иванов, не може да му додели мандат за состав на Влада на Греувски.

Ако во ДПМНЕ нема личности кои би се спротивставиле на Груевски, тогаш неминовно мора да се прават напори да се создаде мнозинство во Собранието кое ќе избере експертска Влада која ќе има мандат за да создаде услови за спроведување избори воедно и нормални услови за работа на СЈО. А глумењето патриотизам од ДПМНЕ веќе за голем дел од граѓаните е отркиено.

Извор: mitkojovanov.net