Има договор за излез од кризата: Ќе се суспендира законот за МВР кој го донесе ВМРО-ДПМНЕ, датумот за избори ќе се договара на 31 август!

0
1187

Американскиот амбасадор Џес Бејли попладнево соопшти дека четирите партии потписнички на договорот од Пржино денеска успеале да дојдат до решение. Сто дена пред предвремените парламентарни избори ќе има техничка влада, а веројатно ќе се суспендира новиот закон за министерството за внатрешни работи.

Новиот министер за внатрешни работи ќе може да смени одреден број луѓе од раководни позиции.

Што се однесува до одредување на датумот за изборите, партиите ќе треба да го договорат до 31 август, а се шплекулира со 11 декември.

Веста за постигнатиот договор пред новинарите ја соопшти американскиот амбасадор Џес Бејли, кој учествуваше во преговарачкиот процес.

– Се надеваме дека со овој договор ќе се постави патот до изборите прифатени од сите страни – порача Бејли.