ИМАЛО ЕВРА, ДОЛАРИ, АМА И ЛИРИ, ФРАНЦИ И ДЕНАРИ – ЕВЕ КАКВИ СЕ ВАЛУТИ ПРОНАШЛА ПОЛИЦИЈАТА ЗА ВРЕМЕ НА АКЦИЈАТА КАЈ ТАБАНОВЦЕ

0
1360

За време на синоќешната акција на полицијата и Обвинителството за организиран криминал и корупција била пронајдена кутија со евра, долари, турски лири, швајцарски франци и денари, потврдуваат за ТВ Телма полициски извори.

Синоќа на граничниот премин Табановце полицијата и ОЈО ГОКК спроведоа заедничка акција како дел од истрага за злоупотреба на гранични полицајци и цариници.

Ова предизвика повеќечасовен застој за влез на патниците во Македонија.„Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваме заедничка акција на ГП Табановце. Утре ќе имаме детали“, соопшти вчера МВР.