ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ГИ ШОКИРА ПРИЛЕПЧАНИ : КАКО НОВА ЛОКАЛНА ВЛАСТ НАСЛЕДИВМЕ ДОЛГ ОД 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА ВКУПЕН ДОЛГ

0
1163

Околу 3,5 милиони евра беше вкупниот долг кој го наследивме во општина Прилеп или околу 202 милиони денари од кои што 60 милиони денари тоа е од прилика 1 милион евра се долгорочни кредити за наредните 5 години и за лизинг на возила.Така што од сумата на задолжени 60 милиони денари 10 милиони денари се исплаќаат на годишно ниво. Околу 30 до 35 милиони денари се по основ на ризици, тоа се тужени што би следело побарување на одредени субјекти а има два субјекти кои што се од 30 до 32 милиони денари извесни ризици на побарување околу 20 милиони денари. Компанијата ,,Изофаст” откупила градежно земјиште неизградено, платила комуналии во судска постапка од 19.000 денари заедно со продажбата на тоа земјиште, тие пари се потрошени. 10 милиони денари за продажбата на три објекти во касарната ,,Мирче Ацев” кои пред неколку години беа продадени, потоа отстапени не знам зошто каде исто така се потрошени парите каде компанијата што ги купила тие објекти си ги наплатиле средствата од министерстовото за финансии така што поради тоа ние должиме околу 10 милиони денари кон министерството за финансии.104 милиони денари важечки главен долг за општина Прилеп кој тековно мора да се враќа каде што од денот на моето доаѓање како градоначалник па до сега имаме вратено скоро 62 милиони денари или поточно еден милион евра долг.  – градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски во интервју за прилепската ,,Канал Визија”.