ИЗЈАВА НА ХЕРОЈОТ НА ВМРОВЦИТЕ И ЌОСИЊАТА, ПУТИН ВМРОЊО МАКЕДОНСКИ : Македонија со сила се турка во НАТО, САД и ЕУ ќе ја растурат Македонија!

0
1442

За нешто повеќе од четири години, рускиот претседател Владимир Путин по втор пат ќе ја посети Србија. Иако, според најавите економската и воената соработка ќе бидат во фокусот на средбата со неговиот колега Александар Вучиќ, сепак посетата на Путин на официјален Белград се толкува и како обид Русија да ја засили својата положба и влијание на овие простори. Во прилог на ова одат и последните изјави на претседателот на руската федерација, но и неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Пред неговата посета на Белград, која ќе се случи утре, во интервју за Вечерње Новости, Путин вели дека влијанието на САД и западните земји на Балканот е се поголемо и дека со сила Македонија се турка кон НАТО Алијансата.

„Минатата година, поради форсираното членство во НАТО на Република Македонија, беше покренат процес на донесување на уставни амандмани и промена на името на државата и ревизија на македонскиот надионален идентитет. При тоа, беше игнорирана влојата на македонските гласачи на референдумот за промена на името на државата кој пропадна, но надворешниот притисок продолжи. Знаејќи колку Балканот и неговата историја е комплицирана, Русија секогаш го сметала за простор за конструктивна соработка“, Владимир Путин, претседател на Русија во интервју за „Вечерње новости“.

Од друга страна, пак, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на редовната средба со новинарите изјави дека Русија не е против новото име на Македонија. Сепак додава дека легитимноста на целиот процес е под знак прашалник, доколку сето тоа е направено под притисокот на западот со цел балканските земји што поскоро да се приклучат во НАТО.

„Кога името и на документ беше усвоено, кој на пример не е потпишан како што тоа го предвидува Уставот, се поставува прашањето колку целиот процес е легитимен“, изјави Сергеј Лавров, МНР Русија.

Од владата велат дека никој со сила не ја носи државата кон НАТО и ЕУ, туку тоа е нашата стратешка цел.

„Нема да коментираме ставови или интервјуа, но би сакал да истакнам дека Владата на Република Македонија останува посветена на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ.Со ратификацијата на Преспанскиот договор и од страна на Грчкиот парламент, верувам дека Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО, и ќе ги започнеме преговорите за членство во ЕУ“, изјави Мухамед Хоџа, портпарол на Владата на РМ.

И од Американската амбасада во Скопје во минатото ги отфрлија ваквите обвинувања. Велат дека го подржуваат евроатланскиот пат на Македонија, но не се мешаат во внатрешните работи. Слично нешто изјави и генералниот секретар за одбрана Џејмс Матис кога во септември беше во официјална посета на Скопје, додавајќи дека Русија е таа која што се обидува да го зголеми своето влијание на овие простори. Во вчерашната реакција на македонското МНР на тврдењата кои доаѓаат од Русија за надворешен притисок, одговори повторно се апострофираат политички процеси во две соседни земји, кои водат кон решавање на проблеми и зацврстување на довербата и градење пријателство. Слична реакција имаше и од грчкото МНР од каде порачаа дека Договорот од Преспа е меѓународно признат документ кој носи мир и стабилност, не само во регионот, туку и пошироко. Ова не е прв пат Русија да тврди вакво нешто. Се започна откако Македонија доби отворена поддршка од НАТО, но и земјите членки на Европската унија за решавање на долгогодишниот спор со Грција. Но, стратешките цели за членство во ЕУ и НАТО не се од сега, туку датираат од почетокот на независноста.

Извор : ТВ21