Израелски Ерусалим Пост за Заев : Бестрашниот Заев пристигна во Ерусалим

0
1153

Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев по посетата на Израел на покана од претседателот Ривлин и министерот за внатрешни работи Силван Шалом во саботата беше претставен како бестрашниот политичар кој е пристигнат во Израел, кој доаѓа од земја како што пишува ,,Израелски Ерусалим Пост” со големина на Вермонт и библиска земја на чуда и можности.

Screenshot_1 Screenshot_2

Израелски Ерусалим Пост пишува за слободата на говорот во Македонија како и за аферата прислушкување во која биле вмешани државната УБК како и за инволвирање на самиот политички врв или поточно првите луѓе на државата.

Заев за израелскиот портал изјавил дека актуелната власт го контролира судскиот систем како и медиумите и дека со тоа удира врз слободата на говорот но и дека создава медиуми по своја мерка со која го крие својот криминал и својата корупција.

Меѓудрогото претседателот на опозициската СДСМ во Израел со претседателот разговарале и за финансиските донации за кои што власта тврди дека биле донации од Израел каде што според првите луѓе на Израел се испоставило дека власта не добила никакви донации од страна на Израел.

Израел како и многу други земји, донациите ги дава пред `се во знаење и во опрема. Финансиските донации не се познати за Израел, што значи само уште еднаш се потврдува провизијата. Финансиите коишто легнуваат на сметка се апсолутно надвор од секаков вид законито работење на поединци од Република Македонија. Тоа само по себе потврдува дека она коешто опозицијата го зборуваше во делот на споделувањето на аргументите во проектот Вистината за Македонија е така.- изјавил Заев.

Инаку Ерусалим пост е водечки медиум во Израел и е еден од четирите весници кои што се наоѓаат на бирото на американскиот претседател Обама.