Измамените од „ФИКОМ“ бараат независно судско тело да го решава случајот

0
1245

Измамените купувачи на станови од аферата „ФИКОМ“ протестираа против стечајните и судски постапки кои се развлекуваат низ судовите повеќе речиси 10 години со кои тие се оштетени.

– Бараме да се формира независно судско тело кој ќе ги преиспита судските пресуди во оваа постапка и за одредените судии кои го направиле тоа да се преземат санкции – изјави Лорија Ваневска.

Демонстрантите најавија формирање на здружение на сите оштетени граѓани во градежните афери во Македонија со цел да се обештетат луѓето и да и се каже стоп на градежната мафија.