ИЗМАМА СО ХОНОРАРИ НА КАРНЕВАЛОТ ВО ВЕВЧАНИ? ПАНЧО И АНДРЕЈ ОД ДНК ВЕЛАТ ДЕКА НИЕДЕН ОД БЕНДОВИТЕ НЕ ГИ ДОБИЛ ПАРИТЕ!

0
1328

Панчо и Андреј попознати како групата ДНК на социјалните мрежи, реагираат и тврдат дека биле измамени за хонорарот на нивниот последен настап за време на карневалот во Вевчани. Во своја реакција Панчо посочува и дека групата не е единствена меѓу „измамените“ бендови кои „сè до ден денешен немаат земено ниту еден денар од договорениот хонорар“.

Објавата на познатиот музичар ви ја пренесуваме во целост:

„Драги наши. На 12-ти јануари имавме чест да бидеме дел од традиционалниот вевчански карневал на кои настапивме со целиот наш бенд и кој воедно многу го почитуваме како македонски традиционален настан.