Излезот од Македонската хаварија..

0
1338

Сериозно несум загрижен што  пењават партиските членови во бункерите освен што е потребно одма да се најде излез од сегашната ситуација во која западнавме и тониме се подлабоко да и најголемите песимисти неможат да претпостават каде е дното.

dame-crnobela

Доколку некои ја сакаат оваа земја и незината иднина еве неколку насоки за излез од кризата ,а се најмалку политички.Одлуките се внатрешно политички дури не станале надворешно-внатрешно политички па после да одиме во непознат правец заради што компасот ќе го држи секако друг.

Да потсетам на црвените линии на режимот во Белград-

1.Намерен хаос со пара-војски и бранители ,платеници,будали и мегафони

2.Девалвација до дрт ,дури парите се дотрансферираат надвор до последно евро

3.Убиства организирани и неорганизирани,несреќи собраќајки да не се знае кои кого и во чие име

4.Доосирмашување да 95% населението се стави во психолошка состојба да незнае нити што е небо нити земја.Посебно посочувам на Застава Филм и сродните глупости .

5.И се ова додека партијата на Милошевиќ заседаваше во најмалата месна заедница,село и град каде неговата консумерска пропаганда допре за цели 10 години и каде во 90% од времето зборуваја за Светски Заговори,надворешен непријател,странски служби,масони,трилатерала,билдемберзи и останато бесмислено страње,а Србија ја посетуваја само поети,политичари и будали од Русија и третиот свет, платени однапред да тролаат глупости во корист на режимот.

Се разбира дури сето ова траеше ,месните заедници од Мрчаевац ,Сврљиг,Сурдулица или незнам какво населено место ,волкот пошта каде што носи,пишуваја писма за подршка на режимот.

Ова НЕСМЕЕ ДА НИ СЕ СЛУЧИ..назад од ова нормален тек нема,а најмалку по актерите.

Кои или кој го заговара ова тој е НЕПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ,со сите нишани.

Излезот може да се најде со КОЛЕКТИВНА ОСТАВКА НА ОВАА ВЛАДА..

Пред да тоа да се договорат за Технократска влада каде нема да има нити еден од оние партиски галерии на ликови со кои се сликаат по цел ден.

Единствено што владата и нивните би требало да избоксираат да има мораториум од две години или после следни избори отворање на темата кои кого го прислушкувал и во чие име.

*Мораториум на кривични по тема Прислушување и се врзано за ова дело.

Технократска влада ,која во првите 100 дена би ги разрешила сите раководители од нивните места,а поставени од владеачките партии.На број 4000 отприлика.

При тоа да сите судии и обвинители дадат оставки и се организира нивнен реизбор.

Со тоа да тие никако не бидат замешани во аферите со апсења и прислушувања.Еден вид лустрација па реизбор.Без ова нема да може ниту избори да се организираат.

Комисија составена од професионалци да направи увид во УБК и да ги добие на увид сите прислушувани разговори.Доколку се кријаат таквите дејанија и досеиеа да бидат санкционирани со огромни казни.

Оваа и ваква влада би направила попис и би го прочистила избирачкиот список.

Оваа и ваква влада заедно со експерти од  СДСМ и Вмро-Дпмне и другите парламентарни партии би направиле стратегија за реформи во администрацијата.

Оваа и ваква влада би морала да има период од 16 до 18 месеци да ги среди сите институции ,да ги департизира и деполитизира ,да направи се за влегување во Избори.

После тие избори би се отворила темата Прислушување.Од парламентарна комисија.

Ова е најдоброто решение за сега да нема поразени и победени и да се изнајде излез од оваа сериозна криза.Најсериозна од 1991 година.

Може да и целиот овој процес има и медијатори и мониторинг сервис од ЕУ и УСА што би било трансперенто и најнормално ,а посебно доколку зарибаме со финансии.

Клучот е влада слична на Орешарски + Рамковен договор+Еулекс ,со сите добри работи кај овие три проекти.

Техничка помош од ЕУ би се барала во износ од 50 милони евра,од попис до мониторинг и уште 500 милони евра за реформи во администрацијата.

Е ,сега дали има вакви мажи,искрени со намерите..ќе видиме но несмееме да го поминиме Рубиконот кој може и не е Рубикон туку цела Маријанска бразда.

Има ли мажи? Или само усвитени глави

Даме Чкатроски – политички аналитичар