Изгледа не му го пушам курот доволно на Владе Милчин па СОРОС фондација ме одби за грант

0
2251

Изгледа не му го пушам доволно курот на Владе Милчин.

Сакам да ве известам дека Сорос Фондацијата ме одби за грант за книга биографија за Грујо и за правење тим од активисти кој ќе го брка Грујо низ цела Македонија и ќе му поставува прашања кои неговите медиски полтрони и куртони не му ги поставуваат…

Само да знаете колку е Сорос Фондацијата фокусирана на пад на режимот. Од 5 милиона евра годишно не се најдоа неколку илјади евра за нови акции на Саше Политико кои досега донесоа над 1 милион кликови во текот на една година и направија вистинска бура во јавноста.

Сигурно сега грантови ќе добијат пак некои локални еколошки и младински акции за правење прошетки во некои шуми и правење трибини за теориска анализа на младинска акција и “креирање политики”…

Еве кој ја донесе оваа одлука, во управен одбор на Сорос фондацијата сега седат овие дечки:

Управен одбор

Маја Бојаџиевска, Претседателка
Билјана Секуловска – Габер
Рамадан Рамадани
Игор Мицевски
Гордана Бужаровска
Елизабета Секирарска

Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка

Но сепак јавна тајна е дека иако официјално не фигурира како одговорен во фондацијата, сите потези во Сорос Македонија сеуште ги прави професорот Владе Милчин.

Мислам дека ова е негова одлука, Саше Политико е на црната листа во Сорос затоа што се дрзна да го критикува Владе и начинот на кој се менаџираат парите од Фондацијата.

Тоа не значи дека сум генерален критичар за мисијата и целите на огранизацијата уште помалку пак на филантропот Џорџ Сорос. Сметам дека идејата за фондациите е благородна и корисна и дека бизнисменот Сорос е голем пријател на Македонија и многу хуман и добар човек.

Исто сум и многу благодарен за малиот грант од пред 4 години со кој се роди Мактел.мк.

Вистинска штета е што во менаџментот на Сорос со години седат неспособни идиоти, таму седел и Хорхе и Илче Гебелс?!?! Но и другите се кретени неспособни, со толку стотици милиони долари субвенции, ефектите се речиси никакви, се помагаат акции ради реда без никаков ефект, на хартија и теориски се големи и грандиозни проекти но со речиси никаков ефект.

Политичката коректност на овие грантови е се чини нивниот најголем проблем и најголема слабост. Најмалку ценет момент во акциите на фондацијата е досегот во јавноста и ефектот во креирањето на јавното мислење. Затоа јавното мислење 10 години е на страната на режимот и гадните идеологии кои извираат од одвратната уста на челниците на ДПМНЕ и неговите режимски куртони.

Како илустрација, дали се сеќавате на некаков аир од грантовите кои ги доби Џељо Хоџиќ, човекот има добиено над 10 грантови досега во вкупна вредност сигурно над 200 000 долари, но Саше има добиено само еден грант од 2000е. Но Џељо спаѓа во атрактивната политичко-коректна рамка на дејствување, човекот е комуњара, муслиман и бошњак, ПУН ПОГОДАК, додека Саше е обичен селски ропак, православац, атеист ВАТЕВЕР, БОРИНГ ШИТ, не изгледа атрактивно, нема ефекат на отворено општество?!

Оваа слепоќа и кратковидост и моронизам на фондацијата не чини скапо. Драгоцени пари се фрлаат во вода со години, а од друга страна режимот лови неброени политички поени секоја година правејќи се жртва на некаква организирана хајка на демек моќна организација која фрла милиони за негов пад, а од тоа само ГОЛО МАДЕ КОЕ СЕ КЛАТИ У МУТНА МЛАКА ВОДА!

Ќе се обидам овие идеи да ги реализирам и без поддршка на Сорос Фондацијата. Само сакам да ви укажам за дискрепанцата меѓу оној Сорос кој го прикажува Грујо како финансиер на опозицијата и опозициските активисти и од друга страна реалноста која е сосема друга – тоа е една елитистичка забегана дружина без речиси никаков ефект врз отпорот кон режимот!

Саше Ивановски, уредник на порталот Мактел