ИЗБРКАНИ УЧЕНИЦИТЕ КОИ Ѝ ГО ТРГНАА СТОЛЧЕТО НА НАСТАВНИЧКАТА – „ОВА Е НАЈСТРОГАТА МОЖНА КАЗНА“

0
1729

Мораме сите заедно да работиме на авторитет на наставниците кои вршат благородна работа. Мора да ги земеме предвид, не само нивните плати, туку и нивниот статус во општеството, вели српскиот министер за образование.Избркани ќе бидат тројцата ученици од средното Техничко училиште во Трстеник во Србија кои на наставничката по англиски јазик ѝ го оттгрнаа столчето и го снимија ужасниот инцидент, пишува српски Блиц. Одлуката ја донел наставничкиот совет, а српскиот министер за образование, Бранко Ружиќ очекува оваа казна, најстрога од можните, да се почитува.

Во Србија има 1.800 основни и средни училишта, речиси 750.000 ученици и околу 150.000 луѓе кои работат во образовниот систем. За жал, насилство имаше, има и ќе има, но има јасни протоколи и јасна едукација и правила како да се постапува во тие случаи – изјавил Бранко Ружиќ. Мораме сите заедно да работиме на авторитет на наставниците кои вршат благородна работа. Мора да ги земеме предвид, не само нивните плати, туку и нивниот статус во општеството – додава тој.Се огласи и наставничката Марија Стефановиќ која е задоволна од оваа одлука. Таа ќе биде на боледување во следните два месеци поради повредите.

Срцето ми е полно, благодарам на сите што беа со мене. Новинари, професори, колеги и мило ми е што овој случај заврши вака – вели Стефановиќ.Да потсетиме, на 9 ноември во Техничкото училиште во Трстеник тројца ученици за време на настава физички ја нападнале својата наставничка Марија Стевановиќ. Едниот од учениците ѝ го оттргнал столчето, друг снимал. Скандалот доби големо внимание во целиот регион. Како што подоцна дознавме, нејзиниот син, исто така ученик во тоа училиште, во тој момент бил на настава во друга училница, а насилниците прво нему му ја препратиле снимката.