ИДНАТА НЕДЕЛА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА ЏАФЕРИ

0
560

Наредата недела треба да почне дисциплинската постапка за однесувањето на собранискиот спикер, Талат Џафери кон вработени во Собранието.

Претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни работи, Панчо Минов изјавил дека пријавата од ВМРО-ДПМНЕ со доказите е примена и таа во рок од 7 дена ќе биде дистрибуирана до членовите на работното тело, по што веднаш ќе биде свикана седница.

Седницата ќе биде отворена за јавност, на неа ќе бидат повикани сведоци, а Џафери може и претходно да се изјасни за наводите против него.

Одлуката ќе биде донесена со гласање на комисијата, каде соодносот е пет спрема четири за власта. На снимката која беше објавена јавно се слуша како Џафери недолично се обраќа кон вработени од службата по завршување на седница.