ИВОНА ОД ПЕШТЕРА ЌЕ ИДЕ ВО ЌОРКА: МЕЧКАТА УКРАЛА 55.000 ЕВРА ОД ДРЖАВАТА ПРЕКУ ПРИКРИВАЊЕ НА ДАНОК!

0
2515

Oдобрено е обвинението на специјалното јавно обвинителство од Кривичниот суд за предметот „Тифани“ во кој Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување, објавено беше денеска од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

„Судија за оценка на обвинител акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а обвинението се одобрува во целост. Откако, по одобреното обвинение, ќе биде оформен кривичен предмет, распределен кај судија за понатамошно постапување и насрочена главна расправа, судот дополнително ќе ја информира јавноста“, соопшти Кривичниот суд.

Фирмите на осомничената одбегнале да платат даночни обврски во износ од 37.634 евра, а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во износ од 16.924 евра.