ИВАНОВ СКРОЗ ПОЛУДЕЛ: ПЛАНИРАЛ ДА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ОБРАЌАЊЕТО ДО ЈАВНОСТА ВО 17 ЧАСОТ!

0
1089

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во 17 часот ќе се обрати пред македонските граѓани во врска со договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Мактел дознава дека тој имал намера да прогласи вонредна состојба поради наводно загрозени национални интереси поради предавничка влада која прави национално предавство?!?!

Тој денеска имаше двеминутна средба со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кои го информираа за постигнатиот договор за името.

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека средбата траела две минути и најавија дека во текот на денот тој ќе обрати пред граѓаните.

Со соопштение се огласи и Владата. Оттаму информираа дека премиерот Заев и министерот Димитров имале конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекинал и напуштил состанокот и одбил да разговара.

Од Владата ги повикаа сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

Во Владата денеска се одржа и средба меѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Договорот за името беше обелоденет вчера по телефонскиот разговор што го имаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Договорот, како што најави премиерот Заев, утре ќе биде разгледан на владина седница, а по неговото потпишување од страна на двајцата премиери, тој треба да биде ратификуван во парламентите на двете држави.