Иванов ПРДНА : Ни на крај памет не ми е да помилувам педофили, наркодилери и силеџии на избори

0
1421

Би сакал да им порачам на граѓаните на Република Македонија да бидат спокојни. Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, наркодилери, силеџии на избори, терористи и екстремисти, истакна претседателот Ѓорге Иванов, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе ги искористи вратените ингеренции по одлуката на Уставниот суд за укинување на Законот за изменување и дополнувања на Законот за помилување.

– Како и досега, ќе го правам исклучиво она што е исправно и она што е во интерес на државата, рече Иванов по средбата со државниот секретар на ватикан Пјетро Паролин.