Иванов не ја признава Република Северна Македонија ама за тоа може да добие три години затвор најмалку

0
2421

По недела дена од стапувањето на сила новото име на Северна Македонија , шефот на државата Ѓорге Иванов и понатаму го користи терминот Република Македонија во својата официјална комуникација и на официјалната интернет страна претседател на државата.

Експерти за уставно право велат дека тој со тоа, освен што ги провоцира јужните соседи, го крши уставот, што е казниво.

-Новото име стана официјално уставно име на државата кое го изгласаа две третини од пратениците во македонското Собрание. Не почитувајќи го новото име Иванов го крши Уставот а казните за тоа се најмалку три години затвор – велат експертите за уставно право за Лајм.

Изворите за тој медиум предупредуваат дека одлуката на претседателот Иванов е популистичка, односно дека е наменета на зголемување на неговиот рејтинг на крајот на мандатот, а во пресрет на изборите, за кои тој отворено уште сега ја поддржува како кандидат Гордана Силјановска Давкова од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Лајм наведува дека реакции од официјална Атина или Скопје не се очекуваат, и додава дека освен Иванов името Република Северна Македонија уште не го користи ниту Разузнавачката агенција која е под негови ингеренции.

Извор : Фактор.Мк