Иванова: Во игра се активна регистрација, попис и пребројување од врата на врата

0
1147

Активна регистрација на гласачите, попис и пребројување од врата на врата се опциите кои се на маса на работните групи што треба да го имплементираат Договорот од Пржино.

cvetanka-ivanova1-540x405

Според Цветанка Иванова од СДСМ, која вчера беше дел од работната група на оваа партија, се разговара за сите опции, но сè уште не се навлезени во детали за тоа кој предлог би се прифатил.

– Ако зборуваме за активна регистрација на гласачите, ние се залагаме таа да биде задолжителна. Сепак, има повеќе опции во игра, а нашиот краен став ќе го изнесеме откако ќе ги разгледаме сите можности – вели Иванова за „Мета“.

Таа информира дека СДСМ се согласува дијаспората да гласа и понатаму, но да има изедначување на гласовте.

Како што вчера информиравме, на средбата на работните групи во Клубот на пратеници се разговарало за активна регистрација со отпечаток на прст на гласачите за следните парламентарни избори, кои треба да се одржат во април идната година.

Според неофицијални информации, тоа значи неколку месеци пред изборите граѓаните да се регистрираат, со што би се создал нов избирачки список.

Изворите тврдат дека копјата се кршат околу тоа дали регистрацијата да биде задолжителна или доброволна.

Мета