Ибраимовски: Глас за власта, па легализација на објектите на Ромите во Шуто Оризари!

0
1194

Членови на Сојузот на Ромите, кој е на власт во Шуто Оризари, ги условуваат жителите дека нема да им се легализираат објектите, ако на претстојните парламентарни избори не гласаат за оваа политичката партија, т.е. за актуелната политичка власт, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Самка Ибраимовски, лидерот на опозиционата, ромска политичка партија – ПЦЕР.

„Во Шуто Оризари владее хаос. Иформациите што ги имам е дека за легализација на куќите, Ромите мора да платат и да гласаат за СРМ, партијата на Амди Бјарам“, ни изјави лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Ибраимовски.

Тој пред два дена сведочеше во Специјалното Јавно обвинителство во Скопје за изборните манипулации во Шуто Оризари во последните три изборни процеси.

„Во интерес на истрагата нема да кажам што конкретно зборував во СЈО, но јас сум оптимист, верувам во објективноста и професионализмот на специјалните јавни обвинители и убеден сум дека правдата ќе ги стигне сите оние што учествувале во изборните манипулации. Победата нема да може да ја вратиме, но барем, правдата ќе биде задоволена“, вели Ибраимовски.

Тој потенцираше дека на следните парламентарни избори нема да има изборни манипулации, бидејќи сите инволвирани ќе бидат зад решетки.  „Нема да може Амди Бајрам да прави манипулации на следните избори затоа што нема да има кој да го штити, Гордана Јанкулоска ќе биде таму каде што и е местото“…