ЗРВО 2001-2002 ОД ПРИЛЕП ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ ФОРМИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО, ВО С.ЛЕНИШТЕ КАЈ АТАРОТ НА МАНАСТИРОТ СВ.ПЕТКА ЗАСАДИ МАЛИ ДРВЦА ОД СОРТИТЕ ЈАВОР ТУА И БАГРЕМ

0
645

Почитувани.

По повод Јубилејот 20 Години од формирање на Здружението по планот и програмата за одбележување имавме планирано и засадување на млади дрвца од сортит Јавор Туа и Багрем.

Акцијата на засадување беше успешна и беа засадени околу 200 млади фиданки како и дополнителните пет Туи кои како здружение ги засадивме од вкупно дваесет ги симболизираат годините на постоењето на Здружението.

Настанот се случи во Меморијалниот центар ,,ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ 2001/2002″, атар на Манастирот Св Петка С. Лениште каде воедно беа поканети и сите добронамерници, екологисти и други љубители на природата.

Чествувањето на дваесет годишнината ќе заврши на 28.12.2022 со свечена седница која ќе се одржи во салата при Градска Библиотека Борка Талески со почеток од 16.00 часот а предходно во просториите на Здружението со почеток од 12 часот Бранителите ќе поделат колетчиња за нај малите дечиња на членовите.

Апел до ‘не совесните граѓани да не фрлаат отпад и шут во близина на споменикот воедно и манастирот.

Со Почит ЗРВО 2001-2002