Зошто СЈО не ја пречекува Фамилијата со локум?

0
1120

Ви пренесуваме дел од колумната на адвокатот Александар Тортевски за „Фокус“:

Речиси сите спектакуларни апсења беа спроведени на ден кога имаше некој друг настан од кој требаше да се сврти вниманието на јавноста. Така, судиите во предметот „Јустиција“ беа апсени дента кога беше објавен извештајот на Европската комисија за Македонија а професорите на Економскиот факултет беа апсени еден ден по објавувањето на спектакуларната снимка од разговорот на Грујо со гатачката. Наспроти нацистичкото постапување на ОЈО, тимот на Јанева со покани ги повикува на разговор членовите на кастата на Грујо, и тоа за нив е катастрофа. Тоа се политички хајки, тоа се постапки што ги нарачува опозицијата. Луѓето кои буквално ја уништија Македонија, кои изнесоа преку милијарда евра надвор, кои ја задолжија земјата за нови 5 милијарди, кои нарачуваа тепање, а можеби и убиства на политичките противници, кои уништуваа огромни фирми и имоти само поради нивната болна суета денес плачат кога ќе добијат обична покана за разговор во СЈО.

Тие би сакале во СЈО да бидат пречекани со локум и со цеден портокал, а по разговорот да заминат во „Воденица“ на морска риба и морски плодови согласно најновите нутриционистички сознанија на вождот. Силванева Бонева веројатно очекува да ѝ бидат платени патните трошоци во износ од неколку илјади евра за едно патување од Струмица до Скопје. Износ што таа се навикна да го наплатува во десетте години практикување власт, небаре од Струмица до Скопје патува со спејс шатл. Тие никако не можат да разберат дека им доаѓа времето за плаќање на фактурата. Дека сето досега беше само загревање, дека вистинските постапки допрва ќе следат, а тоа за ниту еден обвинет не е пријатно, особено не за припадниците на париската буржоазија, која десет години живееше како во бајка.

Србите велат „што зарадиш на мосту, изгубиш на ќуприји“. На Грујо и компанија им помина времето на енормно печалење и живот од бајките. Сега им доаѓа времето кога нема да поминуваат на мостови градени само за нив. Доаѓа време за возење на скеле (ќуприја), а скелеџијата не е никој друг, туку СЈО, кое ќе им ги наплати сите избегнати патарини и мостарини што тие избегнуваа да ги платат, и тоа без разлика колку ќе боли. Па, и нека боли. Секоја револуционерна промена бара жртви.

Целата колумна на Фокус на следниот линк ОВДЕ.