ЗОШТО ИЛИЈА ДИМОВСКИ НЕ Е ОЖЕНЕТ?

0
15867

БАРАМ ИЗВИНУВАЊЕ ОД РЕПУБЛИКА, КУРИР И ПРЕС 24!!!
Во согласност со член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета барам извинување и јавно повлекување на текстот “Идејата за размена на територии повторно на маса: И Ангелов, Георгиевски и Бошкоски се за двојазичност и федерализација“ објавен на порталотите Република, Прес 24 и Вечер во исто време и ист обем на нивната интернет страница во рок од 48 часа, во спротивно ќе поднесам тужба за клевета!!!

Ставот на коалицијата ВМРО за Македонија за двете теми наведени во овој злонамерен и лажен наслов е јасен и дециден и го повторуваме секојдневно на сите наши собири!!! Оттаму, невозможно е овие портали да не го знаат туку со ваквиот поган наслов се обидуваат да ни нанесат пропагандна штета исплашени од нашиот досегашен неочекувано голем успех на терен.

Од наши извори дознаваме дека паниката во ДПМНЕ настанала особено по отвореното признание на Артан Груби дека целата Влада е УЧК и дека мнозинството припадници на УЧК се згрижени во државната администрација (одговорите на Артан Груби на сите мои прашања може да ги погледате доколку го разгледате мојот ФБ профил).

1) Коалицијата ВМРО за Македонија не само што не се согласува со двојазичност на целата територија на Република Македонија туку по влегувањето во Собранието жестоко ќе се бори против!
2) Идиотското тврдење дека сме за федерализација не заслужува ниту коментар.

Во оваа прилика јавно го прашувам првиот човек на црната кампања на ДПМНЕ Илија Димовски, ЗОШТО иако има 36 години сеуште не е оженет, дали и кога планира да се ожени и дали ќе има три деца како што не убедува во владините спотови!?

Фејсбук статус на Генерал Стојанче Ангелов