ЗОРАН МИТРЕСКИ ОД ИНТЕГРА ДО СВОИТЕ ПРИЛЕПЧАНИ : НА 17-ТИ ОКТОМВРИ ГЛАСАЈТЕ ЗА БРОЈОТ 20 ДА ГО НАПРАВИМЕ ПРИЛЕП ОАЗА НА МИРОТ И ЖИВОТОТ

0
756

ДРАГИ МОИ ПРИЛЕПЧАНИ

За време на сите 30 години од нашето осамостојување сме имале многу можности од Прилеп и Македонија да направиме не само Оаза на Мирот, туку и Оаза на Животот. Сепак, со помош на Интегра не е доцна да ги повратиме странските и домашните инвеститори кои се спремни да инвестираат во Прилеп во сферата на енергетиката, ИТ технологија, рударство и земјоделство.

Различноста во мојата кандидатура е во тоа што јас не доаѓам како политичар, туку како менаџер од реалниот сектор кое знаење е многу важно, за да се знае и умее како да се планираат и реализираат нештата од почеток до крај без политички гимнастички флоскули и празни приказни.

Неопходна ни е Револуција на Свеста за да за да го ослободиме умот од прангите на мутираните мрачни сили кои не убиваат во секој смисол по хоризонтала и вертикала. Доколку го дадете вашиот глас за мојот избор за градоначалник на Прилеп, веднаш отпочнуваме со подготовка за реализација на: – Средување на сите комунални недостатоци на градот, како и надоградување на локалната патна инфраструктура со дополнителни кружни текови и пешачки / велосипедски патеки – За транспарентно работење и следење на целокупната ситуација од јавен интерес на граѓаните, ќе се формира локален ТВ канал.

– Изградба на огромна соларна енергетска зона. – Можност на секој граѓанин за кофинансирање во овие соларни системи. Наместо своите заштедени средства да ги уплаќа во комерцијалните банки и секоја година да губи од нивната реална финансиска моќ, ќе им се овозможи исплата и профит на годишно ниво на име дивидента.

– Овозможување на брза постапка во добивање на документација за изведба како на овие системи, така и за сите напредни проекти во интерес на граѓаните од Прилеп. – Изградба на рудници за неметали и фабрики за нивни полуфабрикати. – Помош во соларни системи за хидро наводнување во земјоделството со можност за отплата од 1-3 години, како и сите останати потреби на земјоделците.

– Помош и отплата од 1-3 години на соларни системи за физички лица до 50 Kw. – Преку фондот за инвестиции и развој формиран од самата општина ќе се инсталираат системи за електрични возила во јавниот и приватниот сектор.

– Инсталирање на комбиниран соларен-водороден систем во постоечките парни системи. – Развој на сите возможни спортови и соодветни спортски терени.

– Градба на современи старски домови со паркови за достоинствен живот во трето доба.

– Уште многу други неспомнати содржини кои ќе ги реализираме тековно, за време на мандатот во корист на секого од нас нашиот живот е само наш и дозволете со заеднички сили и сериозно подржана локална програма да си го повратиме назад. Тоа не зависи од никој друг, туку од само од нас!!!