ЗОРАН ИВАНОВ : ВМРО-ДПМНЕ НЕ Е ПАРТИЈА НА КОЈА ТРЕБА ДА И СЕ ДАДЕ ЦЕНТРАЛНА ВЛАСТ

0
3473

Битката во СДСМ кај скопското крило одигра улога во резултатот на првиот круг, смета новинарот Зоран Иванов во емисијата „24 анализа“.

Според него, Скопје е градот, во кој ако сака СДСМ да го задржи нивото и да ги стабилизира релациите, клучно е да го освои.

-Како што за ДУИ важно е да го земе Тетово, така и за СДСМ е Скопје. Главниот град е единствената даска која ќе ја задржи централната власт, вели Иванов и додава:

-ВМРО-ДПМНЕ е партија на која не треба да ѝ се даде власт за да води држава на централно ниво. Кога тие се на власт секогаш имаме тешки кризи. Доаѓаа странци, пржински влади… За локалната власт остава впечаток кај граѓаните односно дека може нивниот кадар е повеќе посветен, посочува Иванов.