Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

0
922

„Кризата со пандемијата ни укажа дека вложувањата во инфраструктурата, болниците, градинките, училиштата, патиштата и пред сѐ вложувањата во човечкиот капитал, е одлична економска стратегија. Едно без друго не може. Градењето патишта, железници, и друга ‘хардвер’ инфраструктура  се и тоа како потребни, но нема да го дадат посакуваниот ефект ако не инвестираме во човечкиот потенцијал. Ги искористуваме можностите за креирање на соодветен деловен амбиент  каде  неизвесноста ќе биде намалена,  а предвидливоста зголемена. Секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување, владеење на правото, а ние како Влада се стремиме тоа и да го овозможиме. Самиот влез во НАТО носи забрзан раст на инвестициите, раст на економијата и намалување на невработеноста и веруваме дека со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите ќе бидат видливи.“,  вели претседателот на македонската влада, г. Зоран Заев во интервјуто за „Капитал“.

Македонската економија влезе во 2021 година со многу предизвици пред себе – ефектите од Ковид пандемијата се’ уште силно се чувствуваат во поедини сектори што се најмногу погодени, а бизнис коморите секојдневно инсистираат на продолжување на пакетите антикризни мерки, особено на поддршката во исплаќање плати, како и на воведување нови.
Премиерот Зоран Заев најави дека се разгледува и петтиот пакет мерки, што треба да биде претставен во февруари, но конкретни детали засега  нема.

Разговаравме со него околу се’ она што може да го очекуваме да се случува на економски план во 2021, но и во преостанатиот дел од мандатот на актуелнава влада.

Г- не  премиер, како ја оценувате годината зад нас на економски план со оглед на сите предизвици со коишто бевме како држава соочени поради пандемијата? Каков ефект дадоа пакетите со антикризни мерки и дали дел  од нив ќе продолжат и годинава, што е впрочем, побарано и од бизнис коморите деновиве?

Наша најголема грижа и фокус уште со стартот на кризата што ја донесе пандемијата со КОВИД-19, освен здравствената стратегијата за справување со коронавирусот, беше  многу брзо да ги донесеме и спроведеме мерките за соодветен одговор на економската криза предизвикана од пандемијата.

Тврдам дека тоа беа навремени и сериозни мерки за спас на работните места. Беа сеопфатни и водени од принципот никој да не биде изоставен, и така точно димензионирани, ги запреа трендовите кои се закануваа да бидат катастрофални, и создадоа услови за сите наредни мерки кој имаа за цел да ги закрепне и да ги заживее со нова динамика домашните економски дејности.

Креиравме четири пакети економски мерки за што обезбедивме над 1,2 милијарди евра или приближно 10% од нашиот Бруто домашен производ. Обезбедивме сигурност на работните места на граѓаните, одржлива потрошувачка, а ги помогнавме и најпогодените сектори од кризата, како и најранливите категории на граѓани. Ја исполнивме и нашата главна цел да ја задржиме, па дури и да ја подобриме функционалност на државата. Редовно се исплаќаат платите, пензиите, социјалната заштита, дополнително ги реализираме и споменатите мерки за поддршка на економијата и граѓаните.

Никој не може да ни забележи дека сите мерки не ги донесовме на инклузивен начин, со соодветни анализи и во консултација со меѓународните финансиски институции, како и со националните релевантни чинители, економски експерти, стопански комори, организација на работодавачи, синдикатите, академската фела и граѓанскиот сектор.

Најголем ефект е постигнат со мерката за субвенции на плати, со која во последниот пакет отидовме и подалеку со скалест раст на поддршката во зависност од падот на приходите кај компаниите која изнесуваше до  21.776 денари. Мене ми е посебно драго што сочувавме околу 100.000 работни места и поддржавме околу 15.000 претпријатија погодени од кризата со финансирање на дел од платата на два пати по три месеци.

Дополнително финансиски се поддржани околу 500.000 граѓани кои беа најпогодени со кризата преку директно префрлување средства на нивната трансакциска сметка, а поволните кредити преку Развојната банка за стопанството со исклучително ниска камата беа добредојдени и искористени од страна на домашните компании. Обезбедивме бесплатни тестови, средства за вакцини, поддршка на медицинскиот персонал.

Јас денеска можам да кажам дека ефектот од мерките е очигледен, со самото формирање на Владата после изборите во јули 2020,  резултатите во третиот квартал во повеќе домени се значително подобрени. Се ублажи големиот пад на БДП од -14,9% регистриран во второто тримесечје од 2020 година и согласно податоците на статистика, за третото тримесечје од 2020 година, стапката изнесува -3,3%. Исто така, гледано по компоненти ќе се забележи дека по високиот пад на бруто – инвестициите од 34,4% во вториот квартал, во третиот квартал има раст од 4,2%, што се должи на растот на инвестициите во градежните работи, како и во машини и опрема. Во третиот квартал падот на потрошувачката е ублажен на -1,2%, од високи -9,1% во претходниот квартал. Тоа главно се должи на фактот дека јавната потрошувачка забележа раст од високи 13,5% на реална основа, што се должи на зголеменото трошење за поддршка на најпогодените категории од пандемијата.

Несомнено е дека кризата се прелева и во првиот квартал на 2021 година за што го планираме и петтиот пакет економски мерки. Сѐ додека кризата трае, Владата со соодветни механизми ќе делува за ублажување на ефектите од пандемијата, состојбата ја следиме во чекор и адекватно реагираме. Државата е тука, како и до сега солидарно да помага на граѓаните и на реалниот сектор. Постигнатите ефекти се потврдени и од меѓународните финансиски институции, меѓу кои и во извештаите на Светска Банка каде се наведува дека состојбата би била многу полоша ако Владите во Западен Балкан, уште на почетокот на кризата не преземаа брзи мерки за ставање на здравствената криза под контрола и ограничување на економската штета.

Продолжуваме да инвестираме во патишта, училишта, болници…

Јасно е дека спомениците не се трајни добра коишто го подобруваат животот, како што се патиштата, училиштата, болниците, студентските домови, градинките, спортските објекти, функционални апарати за здравството, опрема…  Продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетика, гасификација, градинки, болници, училишта и животната средина, комунална инфраструктура како и во изградба на социјални станови. Јавните инвестиции со приоритет на капитални инфраструктурни проекти. Во годината која измина капиталните расходи имаат 80% од планираната реализација на капитални инвестиции што е подобра во однос на 2019 година кога беа реализирани 77,6% од планираните капитални расходи. Во Буџетот за годинава,  капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година.

Капиталните инвестиции пред корона – кризата беа ставка што повеќе години по ред се реализираше далеку послабо од планираното, додека за 2020 година остварувањето на капиталните расходи е дури 82%. Како се постигна ова ниво на реализација и какви се плановите за 2021? Кои ќе бидат клучните капитални проекти во следниот период?

Бездруго сте забележале дека јас инсистирам на тоа дека инвестициите во капитални проекти значат живот за македонската економија. Затоа покрај актуелните мерки за ублажување на ефектите од кризата, големо внимание посветивме  на реализација на капиталните инвестиции. Кризата предизвикана од пандемијата на површина ги извади клучните области каде треба да се насочува капиталот, а тоа се областите кои имаат трајна вредност.  Јасно е дека спомениците не се трајни добра, како што се патиштата, училиштата, болниците, студентските домови, градинките, спортските објекти, функционални апарати за здравството, опрема… Продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетика, гасификација, градинки, болници, училишта и животната средина, комунална инфраструктура како и во изградба на социјални станови. Јавните инвестиции со приоритет на капитални инфраструктурни проекти.

Во годината која измина капиталните расходи имаат 80% од планираната реализација на капитални инвестиции што е подобра во однос на 2019 година кога беа реализирани 77,6% од планираните капитални расходи.

Во Буџетот за годинава,  капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година.

Клучен капитален проект е Коридорот 8, главната артерија која и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува Црното со Јадранското Море. Дополнително се градат и рехабилитираат магистрални и регионални патишта на територијата на целата држава.

Во периодот до 2025 година се планираат капитални проекти во вкупен износ од 3,2 милијарди евра. И во следните години нашите заложби ќе бидат насочени кон максимална реализација на капиталните инвестиции со воспоставен и нов механизам за следење на нивната реализација.

Амбициозно најавивте „квантен скок“ во економијата во периодот што следи… Кои ќе бидат главните носители на економскиот раст што допрва треба да го очекуваме?

Кризата со пандемијата ни укажа дека вложувањата во инфраструктурата, болниците, градинките, училиштата, патиштата и пред сѐ вложувањата во човечкиот капитал, е одлична економска стратегија. Едно без друго не може. Градењето патишта, железници, и друга „хардвер“ инфраструктура  се и тоа како потребни, но нема да го дадат посакуваниот ефект ако не инвестираме во човечкиот потенцијал.

Затоа Буџетот за 2021 е значаен придонес кон Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст кој се состои од четири столба: економско заздравување од КОВИД-19, второ – забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, трето зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, и четврто – развој на човечките ресурси и еднакви можности, преку кои ќе се обезбеди макроекономска стабилност и финансиска одржливост, заздравување на економијата и забрзување на економскиот раст.  Сите овие сегменти се меѓусебно поврзани и би рекол условени.

Дополнително од голема важност е имплементација на проектите предвидени во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија. Веќе направивме ревизија на единствената листа на проекти за да се утврди кои од нив соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ, кој ќе мобилизира финансирање до 9 милијарди евра за Западен Балкан во рамките на новиот инструмент за претпристапна помош наречен ИПА III. Средствата ќе бидат насочени за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција како и развој на човечки ресурси за да се обезбеди одржлив раст и работни места, поттикнувајќи го економскиот развој и закрепнување на регионот. Досега се реализирани преку 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарди евра грантови и заеми во Република Северна Македонија. Верувам дека Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, ќе даде силно и позитивно влијание врз економското закрепнување на регионот, поддршка на зелена и дигитална транзиција и поттикнување на регионална интеграција кон Европската Унија.

Ги искористуваме можностите за креирање на соодветен деловен амбиент  каде  неизвесноста ќе биде намалена,  а предвидливоста зголемена. Секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување, владеење на правото, а ние како Влада се стремиме тоа и да го овозможиме. Самиот влез во НАТО носи забрзан раст на инвестициите, раст на економијата и намалување на невработеноста и веруваме дека со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите ќе бидат видливи.

За две години потпишавме 34 нови договори за странски и домашни инвестиции

Оваа Влада и сега, како и во претходниот мандат прави разлика на ова поле. За 2 години, Владата потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на изградба. Тоа е многу повеќе од периодите јули 2013 – јуни 2015, и јули 2015 – јуни 2017 кога биле потпишани 7, односно 9 договори за поддршка за градба на фабрики, а биле отворени 6, односно 7 фабрики. Растат странските инвестиции. Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, има 741 милиони евра странски директни инвестиции. За разлика од овој историски рекорд на странски инвестиции, во периодот од јули 2013 – јуни 2015, имаше 457 милиони евра, а во периодот од јули 2015 – јуни 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции.

Во последната предизборна кампања истакнавте дека за три години имате обезбедено директна и индиректна финансиска помош за земјоделците од 430 милиони евра и дека ќе продолжите понатаму со 200 милиони евра годишно поддршка. Какви се резултатите од оваа помош за земјоделството, во смисла на обем на производство и извоз на земјоделски производи? Покрај најавите за продажба на државно земјоделско земјиште, кои ќе бидат клучните точки на земјоделската политика што ќе ја води Северна Македонија?

Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава,  квалитетна и разновидна храна од македонско производство.

Треба да ги прифатиме како добар тренд податоците на статистика за откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2020 изнесува во висина од скоро 5 милијарди денари, што е 15,7 отсто зголемување во однос на истиот период лани.

Владата продолжува со стимулирачки мерки како „Млад земјоделец“ со поддршка до 10 илјади евра , „Рурална жена“ со 3.000 евра како и за нов агробизнис со 20.000 евра. Од голема важност е и искористување на мерките од ИПАРД програмата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство. Ќе следат и повици за земјоделско земјиште, инвестиции, зелена нафта и за мерка од ИПАРД која ќе финансира инвестиции во рурални средини како сместувачки и угостителски капацитети, старечки домови, капацитети за обработка на дрво, пчеларство итн.

Годинава заеднички ќе направиме сѐ за да ги искористиме максимално средствата наменети за агросекторот и руралниот развој. Имаме ресурси. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и  Платежната агенција се ставени во систем за информациите да допрат до земјоделците и да се искористат достапните средства и знаење. Заедничката цел ни е развој на македонскиот аграр и поголем рурален развој во земјата.

Она што ќе донесе дополнителен стимул во земјоделското производство е приватизацијата на државно земјоделското земјиште во функција на развојот. Приватизацијата ќе се одвива согласно одредени услови. Првиот услов е да не смее да се урбанизира, поточно се забранува да биде пренаменето за било која друга намена освен земјоделска.  Дополнително, ако новиот сопственик на земјоделското земјиште истото не го обработува или не го изнајми, ќе плати три пати поголем данок.

Земјоделството е голем потенцијал за државата и ако го ставиме во функција и земјоделското земјиште ќе се повлечат кредитни линии, ќе се инвестираат заштедени пари, што ќе значи и отворање на работни места, ќе се поттикне зголемување на извозот, на домашната продукција, а преку тоа ќе се зајакне конкурентноста на националното земјоделско производство.

Согласно анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост вреди повеќе од 2 милијарди евра, а ние очекуваме 200 до 300 милиони евра или 10 до 12% од тоа што би се продало согласно интересот на граѓаните и на домашните компании.

Планот е до крајот на јуни 2021 година да ја завршиме дебатата за законските решенија, а со завршувањето на кризата најдобро е да  влеземе во прогрес на оваа иницијатива. Имаме и национални големи компании кои сакаат да инвестираат. Во оваа прилика сакам да напомнам дека нема да се дозволат злоупотреби за што државата има соодветни алатки за да си го заштити јавниот интерес.

Колкав обем на директни странски инвестиции се реализирани во последниве три години и какви се плановите и прогнозите за периодот што следи? Ќе се реализираат ли најавите дека Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за ТИРЗ ќе се спојат во една институција надлежна за странски инвестиции и каква ќе биде идната стратегија за привлекување инвестиции?

Оваа Влада и сега, како и во претходниот мандат прави разлика на ова поле. За 2 години, Владата потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на изградба. Тоа е многу повеќе од периодите јули 2013 – јуни 2015, и јули 2015 – јуни 2017 кога биле потпишани 7, односно 9 договори за поддршка за градба на фабрики, а биле отворени 6, односно 7 фабрики.

Растат странските инвестиции. Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, има 741 милиони евра странски директни инвестиции. За разлика од овој историски рекорд на странски инвестиции, во периодот од јули 2013 – јуни 2015, имаше 457 милиони евра, а во периодот од јули 2015 – јуни 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции.

Рекордните странски инвестиции дојдоа како резултат на два фактори: На надминувањето на политичката криза и со започнување со работа на нашата одговорна и транспарентна влада и од решавањето на сите наши билатерални спорови со соседите и откочувањето на евроатлантските интеграции.

Фокусот на економијата, заедно со членството во НАТО ќе донесе уште повеќе странски инвестиции.

Дирекцијата исто така подготвува мерки за поттикнување на побрза реализација на инвестициите што веќе се во тек, вклучително и зголемување на број на вработени, како и раст на плати, како посебен сет на мерки.

Во годишната програма за работа на Дирекцијата за ТИРЗ за 2021 предвидено е воведување на нов концепт во привлекувањето и реализацијата на инвестициите. Акцент ќе се стави на инвеститори со повисок квалитет, односно проекти со повисока додадена вредност, што ќе се преслика во поголеми приливи во буџетот, повеќе и повисоко платени работни места, како и поголема соработка и вклучување на домашни компании во глобалните вредносни синџири.

За 2021 исто така се подготвува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони изготвен според потребите на корисниците.

Новиот концепт на работење на Дирекцијата подразбира и креирање на една влезна точка за сите потреби на потенцијалните и постојните инвеститори, вклучително и проширување на услугите и поддршката и кон домашните, наместо исклучиво кон странските. За таа цел, програмата за работа на Владата предвидува интегрирање на капацитетите на две други агенции – за странски инвестиции и за претприемништво во рамки на Дирекцијата за ТИРЗ, со што и практично ќе се олесни и поедностави пристапот до услугите на државата кон инвеститорите. Ваквиот чекор подразбира рационализација на капацитетите односно целосно искористување на постојните човечки ресурси во овие две агенции, а за потребите на спроведување на новиот концепт на работа на Дирекцијата за ТИРЗ.

Правење на мала и ефикасна јавна администрација е во предизборните програми на сите владејачки гарнитури досега, а потоа гледаме само зголемување на гломазниот, скап и неефикасен државен апарат. Што планирате како влада да сторите по ова прашање?

Веќе втор мандат се залагаме за јакнење на капацитетите на јавната администрација, како и за професионализација и департизација. Наша цел е ефикасна администрација која ќе биде во служба на сите граѓани.  Постојат неколку мерки и проекти кои се во правец на намалување на бројот на вработени во јавната администрација. Целта која е поставена и во програмата на Владата за наредните четири години е да се намали за 20%.  Моделите кои ќе придонесат за реализација се следни:

-Спојување на функции и надлежности на институциите. Ова е предвидено во ИПА проектот за реорганизација на јавната администрација, проект финансиран од ЕУ, на кој ни помагаат странски експерти. Се изработуваат предлог решенија за реорганизација и измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Оваа операција историски, за првпат се прави во нашата држава. Поставуваме јасни линии на отчетност,спојување на институции со исти надлежности и намалување на нивниот број.

-Во јавниот сектор ќе се укине можноста за работа по наполнети 64 години, освен за дефицитарни кадри, како на пример здравствените работници и професорскиот кадар на Универзитетите. На тој начин ќе се отворат повеќе шанси за младите за работа во јавниот сектор, но и намалување на администрацијата во ресорите каде нема потреба од зачувување на работното место.

-Третиот модел е понуда на пакети за трансфер во приватен сектор или предвремено пензионирање и слично. Станува збор за процес кој го започнавме во претходниот мандат, преку разговори со коморите, синдикатите, и сите засегнати страни. Трансферот ќе биде право на избор, односно никој од вработените во јавниот сектор нема да биде принуден на тоа.

До каде е процесот на гасификација на македонската економија и домаќинства? Кога се очекуваат првичните резултати од неодамна најавените амбициозни планови за вклучување на земјава во значајни регионални енергетски проекти, конкретно за редистрибуција на гас што треба да доаѓа од Грција?

Реализацијата на гасификацијата е една од најважните стратешки интереси на државата. Посветени сме на целосна имплементација на одредбите од Законот за енергетика со кој се обезбедува заштита на имотот и имотните права и интереси на земјата и се елиминираат пречките кои го попречуваат или оневозможуваат развојот на Северна Македонија во делот на изградбата на гасоводната мрежа.

Сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата. Наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години, се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас како и течен гас од Америка и од други земји. Го изразивме нашиот интерес за учество во сериозен, би рекол геостратешки и европски проект, поддржан од САД, Александрополис гасоводот. Сегашните анализи велат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција. Со оваа инвестиција конечно ќе букираме капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан.

Нашите очекувања се дека сите овие проекти ќе постигнат 30 процентно намалување на цената на природниот гас во државата, што како евтин и еколошки енергенс ја отвора големата еколошка и енергетска можност за државата. Ова ја развива и можноста за изградбата на гасни централи за производство на електрична енергија, како и ревносно да ја следиме еколошката агенда на државата, согласно Европската зелена агенда, односно ефикасна транзиција од јаглен во еколошки енергенси за производство на електрична енергија.

Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекти, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас и еден од главните играчи во регионот.

Продолжува изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава. Идната година завршуваме со кракот до Битола, до Тетово и до Гостивар, а потоа продолжуваме со Гостивар – Кичево, Св. Николе – Велес и делницата до Гевгелија и до ТЕЦ Неготино и со заокружување на прстенот кон Охрид и Ресен до Битола.

Оваа година ќе биде годината кога ќе започне изградбата на секундарната гасоводна мрежа во повеќе македонски градови со што цевките за гас ќе почнат да стигаат кон домаќинствата.

Го демонополизираме снабдувањето со гас, очекуваме негово поевтинување и до 30%

Сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата. Наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години, се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас како и течен гас од Америка и од други земји. Го изразивме нашиот интерес за учество во сериозен, би рекол геостратешки и европски проект, поддржан од САД, Александрополис гасоводот. Сегашните анализи велат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција. Со оваа инвестиција конечно ќе букираме капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан.

Каков е стратешкиот план во врска со експлоатацијата на енергетски ефикасните извори на енергија во следните 4 години? Кои клучни инвестиции ги планира државата во овој сектор, а колкав дел од моќноста е планирано да се добие од приватни инвестиции?

Го зголемуваме интересот за инвестиции во енергетиката со понуда на алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции. Тоа првенствено значи постепено преминуваме кон извори на чиста енергија преку примената на еколошки извори на енергија како вода, сонце и ветер за намалување на употребата на јагленот како извор на енергија.

Во услови на здравствено – економска криза предизвикана од КОВИД-19, покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата во што најмногу се вложува во светот. Токму енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот.

Во таа насока ние мораме да фатиме чекор со трендовите за да имаме економски напредок. На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј сега се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 MW. Проценетата инвестиција е околу 60 милиони евра. Термоцентралата ТЕЦ „Неготино“ ќе се трансформира во гасна централа преку јавно – приватно партнерство или ќе се продаде. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови 100 мегавати зелена енергија.

Обезбедени се грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 MW во РЕК Битола. Во 2020 година успешно беа спроведени првите транспарентни постапки за изградба на фотонапонски електрани во вкупен инсталиран капацитет од 62,5 MW, од кои веќе неколку се пуштени во употреба. Во првиот квартал од 2021 ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 MW фотонапонски електрани по истиот принцип. Инвестицијата е над 35 милиони евра.

Годинава ќе започне изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк Богданци за 13.8 MW. Проценетата инвестиција е 21 милион евра. Дополнително започнува реализацијата и на нови ветерни паркови во Богданци, Св. Николе, Демир Капија и во Дебрца.

Кога може да се очекува почнување на реализација на веќе историскиот проект ХЕЦ Чебрен? 

Заврши рокот за доставување понуди за огромниот проект Чебрен. После 11 години обиди на претходната власт кои пропаѓаа уште во фазата на распишување на тендерите, на нашиот јавен повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина. Сега продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех.

Каква поддршка се планира за забрзан развој на стартап сцената во Северна Македонија? Што покажуваат анализите, дали активноста и ресурсите на ФИТР се доволни за подинамичен раст на стартапите, или потребни се и други предуслови, инфраструктура, подобри регулативи и сл.?

Потенцијалот за развој на стартап компаниите во земјава е голем, а нашата цел е токму создавање  услови за нивен раст и развој. Се стремиме Северна Македонија да ја направиме регионален стартап центар каде секое лице со квалитетна идеја, истата ќе може да ја преточи во бизнис.

Се залагаме да создадеме  услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за дигитални номади. Ќе бидеме една од ретките земји која на претприемачите од странство ќе им понуди можност да се преселат и да работат од нашата држава. Овие луѓе ќе донесат позитивен ефект за локална економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со македонските стартапи.

Досега над 550 деловни субјекти се поддржани преку Фондот за иновации. Од неодамна формиран е и Стартап совет кој ќе ја претставува стартап заедницата и да ги застапува нејзините интереси во процесот на креирање и носење на политики кои треба да придонесат за понатамошен раст и развој на македонскиот стартап екосистем.

Во Советот се обединети релевантни чинители кои ги следат состојбите и соодветно алармираат за потребите од подинамичен раст, соодветна инфраструктура и подобра регулатива во функција на развој на социјалното претприемништво.

Туристичкиот бизнис е меѓу најпогодените од пандемијата, а голем број туристички агенции, хотели и останати компании од овој сектор се затворени или пред затворање. Дали сметате дека државата даде доволно поддршка на овие бизниси и што планирате како мерки за заздравување и враќање на овој сектор на солидната динамика на раст од пред корона – кризата?

Туристичко угостителскиот сектор е еден од најпогодените во моменталните услови на пандемија, пред сѐ како резултат на рестриктивните мерки кои го затворија светот, патувањата се сведени на минимум, а дополнително и самата посета во угостителските објекти е редуцирана. По големото затворање изминатата пролет, Владата речиси за сите дејности каде условите дозволуваа во консултација со Комисијата за заразни болести и релевантните чинители од секторот,  изготви и посебни протоколи за работа.  Покрај мерките за финансиска поддршка за исплата на плата на вработените, предвидовме и директна поддршка на секторот туризам и угостителство, а на располагање се и кредитите од Развојната банка. Заврши рокот за аплицирање на петте јавни повици кои ги објави Министерството за економија, а се однесуваат за мерките за поврат на платена туристичка такса за 2019 година, како и директни грантови за туристички агенции, туристички водичи, игротеки и ноќни клубови. Во Министерството за економија согласно крајниот рок пристигнаа над 1.000 апликации и сите кои што аплицирале ќе добијат финансиска помош.

Со претставниците од туристичко – угостителскиот сектор веќе се работи на креирање на програмите и мерките за поддршка за оваа година, за што веќе се предвидени буџетски средства.

Очекуваме следната година по стивнувањето на пандемијата секторот туризам и угостителство полека да се врати на стапките на раст кои што ги имавме во 2019 година. Во континуиран дијалог со овој сектор се креираат мерки кои ќе имаат најдобар резултат.

Сепак, ако  внимателно ги читаме податоците ќе видиме и позитивни трендови. Кампањата „Дома си е дома“ даде резултати. Податоците за Маврово – Ростуше, односно за Националниот парк Маврово, и покрај затворањето во април, мај и дел од Јуни кога не работеа сместувачките капацитети, ќе видиме дека 2020 година во првите десет месеци се остварени 22.453 ноќевања и 11.098 туристи, а за истиот период 2019 година 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од 6% и 8%  домашни туристи во споредба со 2019 година и показател дека дневните туристи кои ги посетуваат националниот парк се покачија за поголем процент.

Во Берово во однос на домашните туристи за истиот период имаме покачување  од 29% додека се остварени 37% повеќе ноќевања во однос на истиот период 2019 година.

Ова укажува дека еко – туризмот и руралниот туризам се повеќе треба да се развиваат.

Отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможи поголем број на Украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот благодарение и на зелените коридори кои Северна Македонија ги воспостави со соседните Србија и Албанија.

Поддршката треба да продолжи и понатаму со насочени мерки во туризмот за зачувување на сите работни места во туристичката индустрија која се очекува во 2021 година да биде во многу подобра кондиција со справувањето на пандемијата со вакцините и со овозможувањето на патувањата.

Ставањето на нерегистрираните пари во оптек ќе го правиме во целосна координација со ЕУ

До каде е иницијативата за легализација на „црните“ пари и колку кеш прогнозира Владата дека ќе се слеат на легални сметки во земјава по тој основ? Како планирате да се изведе проверката на тоа кои пари се нелегално стекнати и да се избегне едноставно перење на пари во државава?

Особено внимание ќе биде посветено во овој дел на комплетно спречување на ризици за манипулации и изигрувања на системот, а од друга страна овие ресурси да се стават во функција на развој.

Подготвени сме да креираме политики, да го поттикнеме интересот на граѓаните да го стават тој „мртов капитал“ во финансиски промет, поточно да инвестираат.

Средствата што ќе се легализираат ќе се оданочат за да се полни граѓанскиот буџет и да се реализираат проекти за граѓаните.

Потеклото на парите ќе се проверува и оваа можност нема да важи за оние за кои се водат судски постапки, има обвиненија за нелегален бизнис, криумчарења и слично. Сето ова постои во европските земји.

Оваа мерка ќе се реализира во целосна координација со делегацијата на ЕУ со цел да се искористи и овој ресурс за развој.   Граѓаните кои располагаат со готовина која не влезена во системот, ќе може да ги стават парите на сметки со плаќање на 10% данок или таквите пари да ги инвестираат во државна обврзница.

Извор : Капитал.Мк