Зоран Заев: Проблемот е Груевски, тој мора да си оди

0
874

Рибата смрди од главата и проблемот е во Никола Груевски и начинот на кој ја води власта, коментира претседателот на СДСМ Зоран Заев, откако премиерот на изборниот конгрес викендов во Куманово најави кадровски промени.

sdsm12

„Тим кој победува не се менува, но и со играчи кои ќе се заморат, ако не се заменат или одморат, тимот нема да продолжи да победува“, нагласи Груевски.

Заев, пак, во изјава за Радио Слободна Европа, вели дека оставки од поединци или, како што додава, жртвени јагниња не се решение за ситуацијата во Македонија.

„Груевски мора да даде оставка и само на тој начин да се нормализираат состојбите во Република Македонија со конечна цел – подготовка на предвремени парламентарни избори. Не се работи за наши барања дали некој нешто задоволува или не, се работи за ослободување на Македонија од прангите на автократскиот режим којшто е поставен во државата. Автократскиот режим е поставен од Никола Груевски, а не од поединци коишто се огрешиле од законот. Проблемот е Никола Груевски“, вели Заев.