ЗОРАН ЗАЕВ: До 30 септември посакувам да нѐ обединува мудроста за најдобар избор!

0
1360

Денеска, нашите пријатели и силни поддржувачи од ЕУ стартуваат уште една кампања „Замисли иднина заедно“, за да ги промовираат придобивките од членството во унијата и да нѐ потсетат дека пред нас стои иднината, заедничката иднина, во која нашата земја ќе биде земја партнер.

На референдумот ќе го направиме последниот чекор за да ја завршиме изградбата на нашата држава според европски правила и ќе создаваме функционална држава во која владеат редот и законот и во која институциите се сервис на граѓаните, отворени и отчетни.

До 30 септември посакувам да нѐ обединува мудроста за најдобар избор. Со поддршка на ЕУ ќе обезбедиме независно судство, слободни медиуми, професионална јавна администрација, подобро и подостапно здравство, поквалитетно образование и беспоштедна борба против корупцијата.

Соопштение: http://vlada.mk/node/15453
Видео: https://youtu.be/87_rIXS5RHA
Галерија: https://flic.kr/s/aHsmr5BNLL