ЗОРАН ДИМИТРОВСКИ – ЖОРО: Лично бев сведок кога Грујо успеа да си нарача сторија од Фајненшл Тајмс во 2015-та за пола милион долари!

0
4617

– Лично бев сведок кога една американска новинарка дојде во Скопје и правеше сторија за американскиот весник Фајненшл Тајмс и разговараше тука со цела влада, некои новинари, аналитичари и срочи еден текст и ни го даде да го прочитаме пред да се објави.

И беше топ текст, баш како што беше реалноста за забеганоста на режимот, за Скопје 2014-та дека е кич и скап, дека има има многу проблеми на политички, медиски и секаков план.

Но изгледа тој текст некако завршил и во владата и од таму веднаш се јавиле во централата на Фајненшл Тајмс и им понудиле 500 000 долари за рекламирање на Македонија но под услов да се интервенира во сторијата за Македонија, и потоа таа сторија беше цензурирана и адаптирана да биде во прилог на власта, ние бевме шокирани дека може еден таков светски медиум да прифати такво нешто!

Зоран Димитровски – Жоро, уредник во Фокус.