Зоран Божиновски под силно полициско обезбедување донесен во судот

0
1381

Под силно полициско обезбедување од затворот „Скопје“, во Основниот суд Скопје 1, пред малку е донесен новинарот Зоран Божиновски. Тој е обвинет во случајот „Шпион“, но му се суди во одвоена постапка бидејќи три години имаше азиланстски статус во соседна Србија, а минатата недела беше екстрадиран во Македонија.

Божиновски беше уапсен на 21 април во Нови Сад, по налог на српското Министерство за правда, по меѓународна потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година. Потоа беше екстрадиран во Македонија. Ова е првпат од екстрадицијата тој да биде изнесен пред суд.