Зоран Божиновски објави разговор помеѓу Мирсад Ндрецај и Бекир Асани од ДУИ за кумановската акција

0
2755

Новинарот Зоран Божиновски на својот Фејсбук профил најави дека во среда (22. јули), во 20 часот на неговиот портал www.burevesnik.org ќе објави „Што разговарале платениците од кумановската акција (9. мај) и како се договарале со Бекир Асани (ДУИ), во периодот пред акцијата? Кому од нив бил должен Асани и како се раздолжувал?“

kumanovo_operacija-540x406

Тој како најава за текстот го објави следното:

„Пред да влезат во Куманово, двајца од бандата, Ндрецај и Малишева, биле на „турнеја“ по Швајцарија, Данска и Белгија. Таму се сретнале со неколку оџи од кои побарале да ги поддржат во акцијата за собирање пари за акцијата и да ја подготват емиграцијата дека во Македонија ќе има војна… На таа „турнеја“ се сретнале и со неколку бизнисмени, меѓу кои и газдата на најголемата дискотека во Швајцарија, „БОЛЕРО“, кој e по потекло од Куманово… Моите извори работат на превод и на разговори на членови на бандата со /Командант Хоџа (Џезаир Шакири) и со Бекир Асани… По неуспехот на акцијата во Куманово, собраните пари од страна на оџите за акцијата и за идната војна во Македонија, реисот Реџепи ги подели во Куманово, откако се соочиле со катастрофалните последици на случувањата од 9. мај… Пред акцијата во Куманово Бекир Асани имал неколку средби со платениците, учествувал во планирање на „активностите“, напиша Божиновски на својот Фејсбук профил во петокот.

Ден подоцна, односно вчера, тој објави и фотографија (принтскрин) од наводен разговор преку Viber помеѓу Мирсад Ндрецај и Бекир Асани.

sss

Мирсад Ндрецај: Или на вечера во Приштина кај Беги во стан

Мирсад Ндрецај: Земи го и семејството, и јас го земам, има тој два стана таму, жените ќе седнат во едниот стан, ние во другиот

Бекир Асани: Да видам после 16. февруари, затоа што ќе бидам зафатен ова недела со пречек.

Мирсад Ндрецај: А да оставиме вака, 13. или 14. февруари? Затоа што на 15. ќе патувам некаде. Подобро да оставиме за 13. или 14. или во Приштина кај Беги, или во Ѓаково кај мене, како ќе ти одговара тебе….