ЗЕЧЕВИЌ : СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ СЕ ЗНАМЕНОСЦИ НА ГОЛЕМИТЕ ДРЖАВНИЧКИ ОДЛУКИ

0
387
Ние, социјалдемократите, сме знаменосците на  големите државнички одлуки, на големите државни идеи, рече вечерва генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ -Вардарски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје.
– Ние сме весниците на прогресот, гласници на напредокот. Горди наследници на плеадите револуционери, преродбеници, просветители, илинденци, социјалисти и антифашисти. Горди корени на македонскиот пиреј низ историјата, како наследници на непокорот, како носители на факелот на слободата.  Така било,  така и ќе биде!, рече Зечевиќ.
Во 91-та година СДСМ застана гордо за Македонија, во борбата за место под сонцето во  светската заедница на рамноправни народи. Еве нè денес, 31 година потоа! Го чекориме патот на европските интеграции, ја трасираме иднината на Европска Македонија – како врвна национална и државна цел, додде Зечевиќ.
Генералниот секретар на СДСМ потсети на улогата на СДСМ од независноста до денеска и на значењето на државничките одлуки за иднината на земјата.
-Мора да бидеме свесни за нашиот државотворен придонес и значењето на секој социјалдемократ вграден во него. Во светот живеат околу 650 етнички групи, народи, нации. А, постојат само 193 држави! Само една третина од овие народи направиле сопствена и самостојна држава.  Ние се вбројуваме во тие државотворни народи на светската мапа што успеале. Сме се избориле за сопствена држава, иако, многу пати во историјата геополитичките односи не ни биле наклонети! Тоа немаше да биде возможно без мудроста на нашиот Киро Глигоров. Немаше да биде возможно без СДСМ и сите државнички одлуки од независноста па се’до денес. Ние, македонските социјалдемократи секогаш сме ги носеле тешките одлуки во тешките времиња за Македонија.  Од мирното осамостојување на државата, меѓународното признавање и етаблирање, интеграцијата во глобалните сојузи, па се до почеток на преговорите со ЕУ, рече Зечевиќ.
Нашата социјалдемократска политика  денес е суштинска интеграција во Унијата: за подобар живот со почитување на сите обележја што го прават Македонецот тоа што бил низ историјата, тоа што е денес и тоа што ќе биде во иднина, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на националната трибина „Силно и  одлучно кон иднината“ вечерва во Скопје.