ЗЕЧЕВИЌ НА ПОЛИТИЧКА АКАДЕМИЈА НА СДММ : БЛАГОДАРЕНИЕ НА АКТИВНОСТА НА СДММ РЕАЛИЗИРАВМЕ БРОЈНИ ПРОЕКТИ ЗА МЛАДИТЕ, БИДЕТЕ ПОСТОЈНО АКТИВНИ

0
466

СДСМ има активна младина, ние како раководство тоа го препознаваме, затоа и со измените на Статутот решивме и уште една, децениска битка на младите во СДСМ – изедначувањето на старосната граница во партијата и нејзино внесување во Статутот, но и зголемување на квотата на една третина, односно 33 отсто во сите органи на партијата од локално до централно ниво, порача генералниот секретар Миле Зечевиќ на политичката академија за социјална демократија во организација на СДММ.

Зечевиќ посочи дека благодарение на активноста и визијата на СДММ денес се реализирани бројни младински политики кои го унапредуваат животот на младите.

,,На предлог, а јас би рекол и на на СДММ заедно се изборивме за намалена стапка на младинска невработеност, за 2.400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк, за младински додаток од 3.000 денари за млади до 23 години вработени во производство, за зголемени ученички, студентски и воведување на постдипломски стипендии.

Нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработуваат и се дообучуваат млади лица.

Ова се само дел од тие политики кои може да кажеме дека довеле до придобивки за младите а за кои СДММ и нејзиното раководство биле доволно упорни и посветени, ова е само дел од влогот што СДСММ го има во процесите на одлучување и реализација” истакна Зечевиќ.

Во своето обраќање Зечевиќ ги повика младите да продолжат да бидат активни и гласни да се борат за свое учество во процесите..

,,СДСМ  е креатор на младинската движечка сила во државата.  Младите социјалдемократи се прогресивни и се важен креатор на општествените случувања вондржавата истакна во своето обраќање Миле Зечевиќ.

Секоја генерација има обврска да работи за подобри услови за живот на другите генерации. Тоа е главната и основна цел на СДСМ.  Не од утре туку уште од денес запрашајте се што вие може да направите и да оставите за генерациите по вас. И веднаш уште од сега почнете  да ја остварувате вашата визија, им порача на младите Зечевиќ.

Политичката академија на Прогрес  веке 14 години успешно реализира програми во кои ммадите луѓе ја препознаваат шансата активно да се вклучат во политичкиот живот.