ЗЕЧЕВИЌ ВО СКОПСКИ КАРПОШ : СОВРЕМЕНИОТ ПАТРИОТИЗАМ ЗНАЧИ ЕВРОПСКА ИДНИНА ЗА МЛАДИТЕ МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЦИИ

0
398

Современиот македонски патриотизам значи сигурна европска иднината за младите македонски генерации и сите ние треба да го изградиме општествениот консензус за ова важно прашање на највисоко можно ниво, порача генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ  вечерва на средба со членови и симпатизери од Карпош.Ние социјалдемократите сме горди затоа што сме дел од нитките на македонската државност, 31 година на вистинската страна на државноста. Секоја одлука денеска влијае на иднината на младите генерации утре, затоа е потребна одговорност, рече Зечевиќ.
-СДСМ го одбравме патот на просперитетот, на иднината, на европска Македонија. Да бидеме горди и достоинствени во европското семејство, рамноправни со сите свои посебности. На тој пат потребно е суштинско семакедонско обединување, затоа што тоа е иднината на младите македонски генерации. Да бидат дел од ЕУ дома во својата татковина а не да бидат надвор, во некоја друга, туѓа земја членка на ЕУ., рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.