Земјоделците не му веруваат на Никола Груевски, ги очекуваат промените

0
1101

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ најмалку можат да говорат за земјоделството. Таа гранка Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја уништија целосно.

Земјоделците се понижени поради ниските откупни цени, поради тоа што немаат обезбеден пласман на производите и немаат достоинствен приход и покај работата што вредно ја работат.

Доделувањето на субвенциите власта во заминување го направи организиран систем преку кој се манипулираа и злоупотребуваа маките на вистинските земјоделци. Но тоа време заврши.

Со кое лице Никола Груевски се појавува пред земјоделците?

Наместо кај вистинските земјоделци Груевски и ВМРО-ДПМНЕ парите ги делеа до фирми блиски до фамилијата.

Тендери и милиони евра преку Министерството за земјоделство завршувале во фирмите „Трасмет“ на Сеад Кочан, во „ЗК Пелагонија“ на Орце Камчев, во „Силекс неметали“ на Иванов Ѕинго.

Земјоделците одамна не му веруваат на Никола Груевски. Сите ги очекуваат промените.

По промените, СДСМ ќе спроведе ревизија на земјоделското земјиште коешто ќе им биде доделено на вистинските земјоделци. СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра. Субвенциите ќе се добиваат навремено и тогаш кога се најпотребни на вистинските земјоделци. СДСМ ќе обезбеди навремен и сигурен пласман на земјоделските производи со достоинствени цени.