Зекири од Куманово: Ќе го поразиме ДУИ, како што ги поразивме ВМРО-ДПМНЕ

0
717

Како што беа поразени ВМРО-ДПМНЕ, така и ДУИ ќе биде поразена на овие избори, доста е со минатото,време е да гледаме во иднината, рече потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник во Изборната единица 2, Мухамед Зекири на граѓанската трибина на караванот „Можеме“ во Куманово. Зекири се појавува прв пат во јавноста откако оздраве по заразата со Ковид-19.

-Ние направивме исчекор, дел од нашата коалиција се сите етнички заедници, но новост е коалицијата со движењето Беса, што е етничка албанска партија, со која заедно настапивме искрено пред граѓаните и сите го препознаваат тоа. На ова раководство на СДСМ, особено на претседателот Заев некој да кажува дека има предрасуди кон Албанците, е срамно и дегутантно, да се слуша, бидејќи Заев веруваше во концептот едно општество за сите и од кога сме на власт не се случила ни една етничка тензија тоа граѓаните го знаат. Повторно сакаат да ги вратат етничките теми, но граѓаните тоа нема да го дозволат, зашто ние во 2016 од раб на граѓанска војна ја доведовме државата да биде почитувана во светот, членка на НАТО, затоа што можеме уште повеќе, уште подобро, рече Зекири.