Здравствените придобивки од пиењето ракија

0
1463

Да се пие ракија не значи да се докажува машоска, ниту во случај да пиете квалитетна ракија да се покажува статусниот симбол.

Доколку вашата подобра половина или било кој ве нападне поради тоа што се дружите со ракијата, изнесете еден од овие аргументи пред неа.

 

Го продолжува животниот век

Големите количини ракија и било кој друг алкохол, дефинитивно ќе ви го скратат животниот век, но умерената количина може да ви го продолжи и тоа затоа што антиоксидансите помагаат во борбата против радикалите кои се главните причинители на староста.

 

Ослободува од стрес

Доколку ја пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем, така што ве опушта, но повторуваме само во умерени количини.

 

Го намалува ризикот од мозочни и срцеви удари

Одличната работа кај ракијата е тоа што истата спречува настанување на холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем, па тоа ви помага да го намалите количеството на холестеролот, а се тоа драстично ја намалува опасноста од срцеви и мозочни удари.

 

Помага во превенција од прелада

Веројатно не сте знале дека ракијата може да послужи како одличен сируп за кашлање. Исто така алкохолот и помага да се убијат сите бактерии во грлото, а најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимон.

 

Не здебелува

Еве одличен аргумент. За разлика од газираните, па дури и некои „природни“ сокови, ракијата е алкохол со мал број на калории. Со пиењето ракија го намалеувате холестеролот во крвта и не ја покачувате килажата.