Зврле седи ли седи во скутот на Грујо и Мијалков, а можеби и на Амди, веднаш по најавата за масовни протести поднесе обвинение против лидерот на опозицијата Зоран Заев

0
878

Скопското обвинителство денеска донело одлука да покрене обвинение за лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за случајот Пуч.

Заев, според одлуката на обвинителството, е обвинет за насилство врз највисоки државни органи по пријавата од премиерот Груевски дека на разговорите во неговиот кабинет, според него, го уценувал да прифати техничка влада.

zvrlevski_mijalkov

Снимката на дел од разговорот која според властите е доказ дека Заев уценувал, иако е обезбедена преку  ПИМ мерки, беше емитувана на сите провладини телевизии со објаснување дека некој ја ставил на Јутјуб.

Обвинителството по еден месец од апсењето на Верушевски и уште 4 лица за скандалот со прислушувањето на сите денеска им го продолжил притворот за нови 30 денови.

Заев на обвинителот пред една недела му однесе илјадници страници транскрипти од прислушувани разговори за кои опозициската СДСМ тврди дека биле по налог и знаење само на директорот на УБК Сашо Мијалков и премиерот Никола Груевски.

По кривичната пријава што против Мијалков и Груевски обвинителството се нема огласено ниту пак реагира на допрен глас од јавноста за прес конференциите на кои СДСМ и Заев објавуваат разговори на премиерот,министри и шефот на УБК како докази за нивна инволвираност и манипулации на парламентарни и локални избори но и криминал и провизии во кои е лично според нив вмешан и премиерот Груевски.

Во покренатото обвинение за Заев нема барање од обвинителот тој да биде притворен.