ЗБОРОТ Е ЗБОР, ВЛАДАТА НА ЗАЕВ РАБОТИ СО 240 НА СААТ : Министерството за труд на 3000 стечајци ќе им исплаќа по 7.596 денари месечно

0
3176

Се гледа крајот на голготата на стечајните работници кои долги години протестираат во потрага по државен надомест.

Синоќа Владата усвои нацрт на закон за стечајците со кој околу 3000 лица, ќе добиваат 7.596 денари месечно, за што се обезбедени средства во буџетот.

Со овој закон се опфатени стечајните работници “на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, а заклучно со 31 декември 2016 година”, соопшти министерството за труд и социјална политика.

Ова се однесува на невработени лица кои најмалку 15 години биле во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци; лица на кои им престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок и на лица кои на денот на влегувањето во сила на овој закон се на возраст од  најмалку 52 години за жени и 55 години за мажи.

За да се оствари ова право на надомест, работниот однос на овие работници треба да престанал заклучно со 31 декември 2016 година и “лицето да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995  година и  кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја и вина”, вели министерството.

Дел од одредбите од постојниот закон, со коишто се уредува ова прашање, ја завршија својата функција и дефакто немаат правна сила, додава министерството.