ЗА ЦРНА ПРОПАГАНДА И ВАЛКАНИ МЕСТЕНКИ СЕ НЕНАДМИНАТИ – ВМРО ДПМНЕ во пакт со Обединетата Македонска дијаспора сепак победија Фрчкоски да не биде наш амбасадор во САД

0
1316

Лобирањето на Обединетата македонска дијаспора во САД, поточно нејзиниот челник Мето Коловски, победи во лобирањето и издејствувала Фрчкоски да не биде прифатен како амбасадор во Вашингтон.

ОМД која е блиска и инклинира кон националистичките структури во Македонија, служејќи се со аргументи од типот човек кој бил предмет на лустрација и бизарности дека е тепач на паркинзи успеала да убеди сенатори за да го испроблематизира прифаќањето на Фрчкоски за новиот амбасадор во САД.

Успеале во убедувањето дека ОМД и нашата тамошна дијаспора нема да соработува со него како амбасадор.

Улогата на опозициската ВМРО ДПМНЕ во ова лобирање било да им обезбедат на челниците на ОМД валкани аргументи дека Фрчковски е тепач на жени за да го претстават како сексист и дека бил лустриран со законот за лустрација кој за воља на вистината е оспорен но и послужи на тогашната влада на Груевски за пресметка со многу нивни критичари и неистомисленици.

“Дипломатските извори” на некој медиуми и на пратеникот Милошоски кој вчера се пофали на фејсбук дека Фрчкоски извисил е всушност челникот на ОМД кој ги информирал дека лобирањето дало резултат да создаде резерва Фрчкоски да биде прифатен за амбасадор.