ЗА ПРВ ПАТ И НИЕ СО НЕШТО ДА СЕ СОГЛАСИМЕ СО КУРТОНКАТА ТАЊА КАРАКАМИШЕВА

0
2006

Тања КАРАКАМИШЕВА:

Еве и едно наградно прашање за академик Камбовски, инаку доајен на кривичното право во Македонија- дали прави разлика меѓу непочитување одлука за ОРГАНИЗИРАЊЕ референдум и НЕ ИЗЛЕГУВАЊЕ, НЕ ГЛАСАЊЕ на референдум?

Првата одлука, ако некој ја попречува организацијата на референдумот во смисла на попречување истиот да се спроведе од страна на некоја група или поединци, ако некој врши притисок врз изборните органи (ДИК, општински комисии, избирачки одбори) да не го организираат и да не го спроведат референдумот, ако се попречува на денот на референдумот на разни начини истиот да не се случи, ако се тераат граѓаните задолжени за спроведување на референдумот да не прифаќаат негова организација, и сл. сето тоа да, има квалификација на кривично дело по чл.387 од КЗ!

Но, во случајот со македонскиот референдум ни оддалеку не е така, бидејќи НИКОЈ како што гледаме НЕ ГО ПОПРЕЧУВА ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА РЕФЕРЕНДУМОТ, никој не ја попречува реализацијата на одлуката за референдумот! Напротив, гледаме и пари се даваат за негово организирање!

Правото да се гласа или не на референдум е уставно и законски загарантирано на секој избирач и одлуката на избирачите да гласаат или не на референдум Е ЛЕГАЛНА И ЛЕГИТИМНА! Таа е врзана со нивното ПРАВО ПОЛИТИЧКИ ДА МИСЛАТ И ДА ИМААТ ПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛБА! Таа одлука, тоа нивно право и слобода нема никаква врска со отпорот или непослушноста за која зборува Камбовски!

Процес на организирање референдум е една работа, а процесот на гласање или негласање сосема друга работа!

За негласање како и за гласање НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОВИКАН НА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ!

Доста го плашите народот со ГЛУПОСТИ!