ЗА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ НЕМА КРИЗА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ ПОДНОВИЛ СО АУДИ А8 ОД 1.650.000 ДЕНАРИ ПЛУС ДДВ

0
646

На фејсбук се појави документ со кој Општина Петровец купила возило АУДИ А8 за околу 1.950.000 ДЕНАРИ, пресметано со ДДВ.

Ја пренесуваме реакцијата во целост, како и копија од договорот. ПУЛС24 се обрати до општината преку службениот маил со повеќе прашања на оваа тема. Истите ги има подолу во текстот. Штом добиеме одговори истите исто така ќе ги објавиме.

Додека неговиот шеф и лидер, Христијан Мицкоски секојдневно излегува со тврдења дека државата пропаѓа, граѓаните едвај врзуваат крај со крај и дека сме на работ на сиромаштија, градоначалникот на Петровец, инаку кадар на ДПНЕ, решил да го поднови возниот парк.

Носител на набавката е Друштвото за трговија и услуги „ПП Сервис Ауто ДООЕЛ” с. Ржаничино.

Ова ли е домаќинското работење на Мицкоски и неговите Градоначалници?!

Согласно јавно објавениот договор на социјалните мрежи ПУЛС24 ги постави следниве прашања:

Ве молиме да ни потврдите дали општината набавила вакво возило. Исто така ве молиме да ни ја кажете точната сума колку истото чинело.

Исто така да ни кажете дали адвокатот Никола Тодоров е ангажиран на паушал од општината? Ако е ангажиран, да ни ја кажете сумата за која што е ангажиран, на колкав период и во која процедура?

Извор : Пулс24.мк