ЗА ОНИЕ НА КОИ НЕ ИМ Е ЈАСНО: Обезбедувањето на Оливер Спасовски постапи крајно професионално!

0
9635

За вчерашните насилни настани во Собранието, во кои беа повредени неколку пратеници, во полициска станица Гази Баба приведени се осум лица со кои сè уште се работи, информираше денеска на прес-конференција помошник-министерот за односи со јавноста и за стратешки прашања при МВР, Јордан Ламановски, кој додаде дека обезбеден е видеоматеријал за идентификација и за откривање на можни сторители.

Ламановски соопшти дека со оперативниот штаб при МВР сега раководи министерот Агим Нухиу на местото на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој досега беше раководител на штабот.

– Имаме сумирана бројка на повредени 83 лица кои побарале медицинска помош и тоа 25 униформирани полициски службеници, кои беа работно ангажирани, 54 цивили, тројца пратеници и еден новинар. Тројца со потешки повреди се задржани на КАРИЛ, еден на неврохирургија и еден со полесни повреди на одделението на пластика. Во болницата „8 Септември“ беа хоспитализирани шест полицајци со полесни повреди и еден новинар, кои се пуштени дома – рече Ламановски.

Како што нагласи помошник-министерот, по наредба на министерот Нухиу формирани се тимови кои ќе работат на целосно расчистување на случајот, а вклучен е и одделот за внатрешна контрола за утврдување подетални работи и за барање одговорност во редовите на МВР.

На одговор на новинарско прашање дали Талат Џафери, откако вчера парламентарното мнозинство го изгласа да биде нов претседател на Собранието, ќе добие зголемено обезбедување, Ламановски рече дека постои законска уредба со која обезбедување од МВР им следува сите важни личности и витални објекти.

Извор: Мета