ЗА ОВА СЕ БОРЕШЕ ЦЕЛА НАЦИЈА, БРАВО ЗАЕВ, БРАВО СДСМ ЗА ОВОЈ ИСТОРИСКИ ПОТЕГ : ДЕНЕС ВО СОБРАНИЕТО СЕ ИЗГЛАСА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 12.000 ДЕНАРИ!!!

0
2209

Собранието на Република Македонија во поладневното продолжение на 12. седница со 70 гласа „за“, без воздржани и против го донесе Законот за зголемување на минималната плата, со кој официјално треба да започне исплатата на минималната плата во износ од 12.000 денари.

Зголемувањето на минималната плата ќе се однесува на сите работници, односно таа ќе треба да биде исплатена и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки. За таа цел, месечно ќе се одвојуваат 1,5 милиони евра буџетски средства со кои ќе се поддржуваат компаниите да го исплаќаат овој износ на минимална плата.

Според пратениците од опозицијата, со Законот се дерогира Изборниот законик и се носи популистичко решение кое нема да има никакви ефекти на среден и на долг рок. Овој закон, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, е наменет за предизборни цели и се очекува дека со неговото донесување работниците кои ќе добијат покачување на минималната плата ќе гласаат за СДСМ на претстојните избори.

Пратениците од парламентарното мнозинство ги негираа обвинувањата, истакнувајќи дека Законот не е предизборен политички маркетинг, туку оти како лево ориентирана партија предлагаат закони кои имаат социјална димензија. – Ако Законот не е издржан, зошто не поднесовте ниту еден амандман да го подобрите текстот на законот, праша Васко Ковачевски од СДСМ.

Според пратениците од СДСМ со Законот се враќаат парите кај граѓаните со ниски приходи, ќе придонесе само да има правилна распределба на приходите и граѓаните да се чувствуваат рамноправни, додека со субвенционирање ќе се покријат 70 проценти од трошоците на работодавците за исплата на минималната плата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека првиот закон за минимална плата во Македонија е донесен во нивно време и дека до 2012 година немало дефинирано единствена минимална плата на национално ниво. Според нив, предложениот Закон треба детално да се разгледа бидејќи има многу мани, потенцирајќи го нормираниот учинок, кои ќе донесат проблеми понатака при исплата на минималната плата и ќе предизвика економски штети.

Продолжението на 12. седница е закажано за утре, а на дневен ред се Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, по скратена постапка и Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, поднесени од пратеници од мнозинството.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување и Предлог законот за издавање вредносни бонови – ваучери, сите по скратена постапка, поднесени од пратеници од опозицијата.

Пред пратениците се и Предлог законот за ратификација на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија и предлог на закон за ратификација на Договорот од Париз.