ЗА НАВОДНАТА ВОЈНА НА БИХАЧКА: КОВАЧЕВСКИ И ЗЕЧЕВИЌ ТРЕБА ДА СЕ ДИСТАНЦИРААТ ОД ЗАЕВ, НО СО ПОРАКА – ОДИМЕ ПО ПАТОТ НА ЗАЕВ И РАДМИЛА, НО ПОДОБРО И СО ПОМАЛКУ ГРЕШКИ!

0
681

ПИШУВА САШЕ ИВАНОВСКИ – ПОЛИТИКО

Сосема е нормално новото раководство на СДСМ, предводено од двоецот Ковачевски – Зечевиќ да се дистанцираат од тоа претходно, значи од Заев и Шеќеринска. Зошто инаку воопшто би имало потреба од промена?!?!

Бенефитот од такво едно дистанцирање се очигледни за сите оние кои барем малку се разбираат во политика – со дистанцирањето се прави еден вид на ПР препород на СДСМ и се анулира 100 милиони евра вредната црна кампања против Заеви! Сите тие лични напади, 90% лажни и неоправдани но и 10% оправдани поради грешките и лапсусите и гафовите кои беа неизбежни во едно матно време од минатите 10 години колку што Заев водеше битка со мафијата и диктатурата!

Но има едно многу важно, НО, како тоа ќе се изведе и што ќе биде резултатот од тоа дистанцирање, зборам резултат за СДСМ и за државата. Многу е важно тоа дистанцирање да се направи со идеја и порака – ЌЕ ОДИМЕ ПО ПАТОТ НА ЗАЕВ, ХРАБРО И ОДЛУЧНО, НО СО ТЕНДЕНЦИЈА ДА ПРАВИМЕ ПОМАЛКУ ГРЕШКИ НА ТОЈ ПАТ! И тоа е сосема ок порака и идеја да се реализира, затоа што секогаш може и подобро и поквалитетно!

А Заев нема да се налути за тоа, тој нема проблем да признае дека грешки се направиле, тоа е човечки особено во такви тешки времиња, дури мое лично мислење е дека секој друг би направил далеку повеќе грешки од храбриот Заев! Најголема грешка што тој некој друг би ја направил е што би се исплашил и веројатно не би се ниту решил да ја води таа битка со диктатурата и режимот затоа што тоа значеше ставање во животна опасност не само лична туку и на целата фамилија на Заеви! И пред таа храброст на Заев треба да се пеат песни во времињата што идат! Булевари во Скопје треба да го носат името на Зоран Заев за што овој човек направил за земјата и за народот!

Исто така многу е важно да се продолжи патот на Заев, битка со мафијата од сите партии, битка со национализмот, битка за ЕУ, отворена соработка со сите етноси и соседи, демократија, слобода, одговорно владеење, тој пат мора да се продолжи, секако со што помалку грешки! Ако е тоа она што ќе го одлучат Ковачевски и Зечевиќ, тогаш Мактел ќе биде медиум кој ќе се труди да им помогне во тој пат и во таа битка, секако притоа со ловење и критики на сите грешки кои ќе се прават, со пренос на сите опозициски критики за сите афери и скандали, не смее никој да биде штитен ако згреши, тоа е медиска цензура и диктатура во која Мактел никогаш нема да учествува. Така беше досега така ќе биде и понатаму!